50 нешта кои мора да ги направите барем еднаш до крајот на вашиот живот

Сигурни сме дека веќе имате ваш список со желби и нешта кои би сакале да ги правите, но доколку сте подготвени за проширување на вашата листа и започнување големи авантури, тогаш погледнете ги и овие предлози. Нема подобар начин да го живеете вашиот живот во целост…

50 нешта кои мора да ги направите барем еднаш до крајот на вашиот живот

1. Пливајте во море потполно голи. Чувството е навистина неверојатно.

2. Бојадисајте само 1 прамен од вашата коса или пак, целата. Дури и ако не ви се допаѓа како ви изгледа таа боја, вие сепак на кратко ќе се чувствувате како друга личност.

3. Ако имате долга коса, скратете ја целосно. Да, тоа е само коса, таа повторно ќе ви порасне!

4. Опростете некому. Запомнете дека тоа не го правите за другата личност, туку за вас, со цел да можете да живеете помирно.

5. Патувајте некаде сами. Вие ќе запознаете нови луѓе и ќе го откриете тоа место од сосема нова перспектива.

6. Наместо класичниот појадок, изненадете се со омилениот десерт. Вашето срце ќе ви биде благодарно.

7. Платете ја целата сметка на љубовниот состанок. Ќе се почувствувате многу моќно.

8. Изедете огромно парче чоколадна торта. И не ѝ дозволувајте на совеста да ве загрижува.

9. Одете сами во ресторан, порачајте вино и читајте книга. Ќе видите дека тоа воопшто не е толку страшно како што претходно ви изгледало.

10. Одете на масажа после тежок ден на работа. Нема подобар начин да се ослободите од стресот.

11. Пријавете се на маратон. Од една страна ќе го подобрите вашето здравје со редовното трчање, од друга страна пак, ќе се чувствувате неверојатно кога ќе го завршите.

12. Запишете се на боксување. Без разлика што ви се случува во вашиот живот, сигурно има нешто поради кое би сакале да удирате во боксерска вреќа.

13. Дајте отказ! Животот е премногу краток да го трошите на нешто што не го сакате.

14. Живејте сами. Вие ќе можете да одите голи по дома, да чистите кога ќе посакате и во секое време да правите журки!

15. Одете на непланиран пат со пријателите. Едноставно седнете во автомобил со вашите најблиски и одвезете се некаде во природа – планината е најдобар избор!

16. Немојте да одите на тренинг цела недела. Дајте си време за одмор и направете нешто што одамна сте посакувале.

17. Купете си нешто поскапо. Нешто што веќе некое време го посакувате.

18. Направете торта без никаков повод. А потоа поканете ги најдобрите пријатели и уживајте во благото и разговорите.

19. Посвојте домашно милениче. Тоа слатко мало суштество ќе ве сака најмногу на целиот свет.

20. Одете на концерт на метал бенд. Забавата е гарантирана!

21. Поминете цел викенд со вашите баба и дедо. Сепак тие биле огромен дел од вашето детство, зошто да не им ја возвратите услугата?

22. Купете храна за бездомник. Можеби тоа ќе биде неговиот прв оброк денес, но и вие ќе се чувствувате неверојатно.

23. Вложете во изработка на професионални фотографии. Можеби ќе ве чини малку, но тие спомени вечно ќе можете да ги чувате во рамка.

24. Научете да ги сакате оние нешта кои досега не сте ги сакале. Тоа се однесува на сè, од боранија до вашиот шеф.

25. Пронајдете фраза или цитат кој би можеле да го користите во повеќе ситуации. Бидете мудри кога е најпотребно.

26. Направете нешто од што се плашите. Скокнете од авион со падобран или побарајте од шефот зголемување на платата.

27. Дистанцирајте се од луѓето кои го влечат најлошото од вас. Токсичните врски се лоши за вашиот живот.

28. Уживајте во сексот со личност која ве привлекува сексуално, но со која знаете дека немате иднина. Препуштете се и искористете го моментот во целост.

29. Одржете јавен говор. Без разлика дали станува збор за наздравување на свадба или презентација на работа, важно е да оставите впечаток.

30. Потрошете повеќе пари за одмор од што сте планирале. Направете го вашето искуство незаборавно.

31. Пробајте ново јадење. Уште подобро ако е од култура сосема различна на вашата.

32. Намигнете му/ѝ на вработениот или вработената зад шалтер. Разубавете им го денот.

33. Опуштете се и еден цел ден јадете само нездрава храна. Да, и помфрит и чизбургер и сладолед…

34. Одете на караоке забава. Моментот во кој сите светла се насочени кон вас додека стоите пред публика со микрофон е едноставно неверојатен.

35. Наместо да вложувате во шминка, купете си книги. Тие никогаш не можат да се потрошат.

36. Цел ден слушајте хитови од Боуви. Ќе се изненадите колку многу ги има.

37. Обидете се да одржите врска на далечина. Ќе сфатите дека таа и не е толку лоша.

38. Претворете ја во реалност вашата најчудна и најскриена сексуална фантазија. Ќе се изненадите колкаво ослободување ќе ви донесе тоа во вашиот живот.

39. Закажете преглед кај психотерапевт. Дури и да е само еднаш, не е лошо да го имате и ова искуство во вашиот живот.

40. Пронајдете си хоби. Без разлика за што станува збор, потребно ви е време во кое ќе се посветите само на себеси.

41. Слободно однесувајте се стереотипно по раскинувањето. Плачете, жалете се, досадувајте им на пријателите, јадете многу чоколадно – правете сè што ќе помогне да ви биде подобро.

42. Пријавете се за работата која би сакале да ја работите, дури и ако немате факултетска диплома. Никогаш не се знае што би можело да се случи.

43. Одете барем на една панк журка. Можеби ќе пронајдете нова страна од себе.

44. Отпатувајте на некоја далечна егзотична дестинација. Дури и ако тоа би значело дека ќе треба да земете кредит.

45. Напишете ѝ љубовно писмо на личноста која ја сакате. Изразете ги писмено сите ваши емоции.

46. Купете го најскапиот шампањ и уживајте во пенливиот нектар со љубената личност. Нека ова биде прослава за најголемиот (или најмалиот) момент од вашиот живот.

47. Ако налетате на бившиот или бившата кои ви го скршиле срцето, направете сцена. Истурете му пијалак во лице или гласно кажете ѝ што пропушта.

48. Направете гозба за целата фамилија. Сигурно сите со месеци ќе зборуваат за тој настан.

49. Одете некаде каде што нема Интернет. Да, порано можело и така да се живее.

50. Учествувајте на карневалот во Рио. Зошто да не?



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар