5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

Дали ви се случило да се чувствувате тажно после долго време поминато на социјалните мрежи? Не сте сами. Истражувања покажале дека колку повеќе користиме екрани, толку понесреќни стануваме. Едно неодамнешно истражување објавено од Американското здружение на психолози покажало дека психичкото „здравје“ на адолесцентите значително се намалило од 2012 година – период кога почна масовна употреба на смартфоните. Па, како да се справите со ова? Одличен начин да се одморите од вашиот смартфон е да ги земете боичките и да почнете да боите.

5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

Верувале или не, боењето може да биде навистина терапевтско. Покрај тоа, ова релаксирачко хоби е многу едноставно. Благодарение на Интернетот, нема потреба да излегувате и да купувате боенки, бидејќи има илјадници кои можете да ги симнете бесплатно. Сè што ви е потребно е принтер. Без разлика за што сте расположени, сигурно ќе најдете слика за вас. Дали тоа се цветови, некој пејзаж или инспиративни зборови – тие веќе ве чекаат. Покрај тоа, ќе можете секој цртеж да го испечатите повеќе пати и да го обоите различно. Па, погледнете некои од најдобрите места на кои ќе најдете бесплатни боенки за возрасни.

1. Art is Fun

Танија Мекардл го води овој веб-сајт кој е полн со цртежи за боење. Некои се навистина смешни, други се навистина инспиративни. Но сите имаат неверојатни дезени кои ќе го направат боењето навистина забавно.

2. Just Color

На овој веб-сајт ќе најдете над 1.300 страници со разни теми – од мандали, до природа и патување. Покрај тоа, има и посебен дел за уметници каде што ќе ги најдете некои од најголемите уметнички ремек-дела.

3. FaveCrafts

Овде ќе најдете над 50 индивидуални цртежи за печатење, како и 6 бесплатни боенки кои имаат сезонски теми (како Ноќта на вештерките) и кои се во PDF формат.

4. Faber-Castell

Не треба да ве изненади дека компаниите кои приведуваат боички имаат нивни цртежи за боење. Компанијата Faber-Castell го направила токму ова. Овде ќе најдете прекрасни дезени, како и специјални тематски цртежи.

5. Coloring Bliss

И на овој веб-сајт има околу 50 бесплатни цртежи за боење. Покрај тоа можете бесплатно да се зачлените и да имате пристап до програма со рецензии, туторијали, како и можност да се поврзете со заедница која сака да бои. Можете да платите и 4 евра месечно за премиум членарина што ќе ви овозможи пристап до над 300 рачно нацртани цртежи.

Прочитајте и зошто боенките се единственото нешто кое ви треба за да се ослободите од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар