5-те најчудни психолошки експерименти

Како што поминуваат годините, така психолозите наоѓаат генијални начини на кои можат да го проучуваат човековото однесување. Но, понекогаш креативноста на психолозите знае да ги одведе работите во необјаснива насока која води кон следниве чудни психолошки експерименти…

5-те најчудни психолошки експерименти

Студија со урина – Со оваа студија психолозите се обидувале да откријат како присуството на други луѓе во тоалетот за мажи може да предизвика негативно влијание врз самиот процес на уринирање. Зависната варијабла во оваа студија било времето потребно за почетокот на мокрењето, додека пак независната варијабла била присуството или отсуството на друга личност во тоалетот. Но, како истражувачите го мереле почетокот на уринирањето? Па, многу едноставно. Еден од нив секогаш стоел во близина на испитаниците и ги набљудувал додека тие ја завршувале својата работа, што звучи како сериозно нарушување на приватноста.

Идејата на Скинер за гулаби кои водат проектили – За време на Втората светска војна, бихејвиоралниот психолог Скинер почнал да тренира група гулабите со цел да бидат водачи за проектили во лет. Интересно е што владата на Америка вложила 20.000 долари во ова истражување, но тоа никогаш не било искористено, па токму затоа ниту еден гулаб не бил повреден ниту убиен за време на студијата.

Добриот Самарјанин – Во оваа позната психолошка студија каде што бил истражуван актот на помагање, биле регрутирани група студенти кои шетале низ нивниот факултет и ја ширеле приказната за добриот Самарјанин од библијата. Истражувачите ги поделиле студентите во 3 категории според тоа колку тие доцнат во својата задачата (мало доцнење, средно доцнење, големо доцнење). На својот пат, студентите сретнувале личност која лежела покрај вратата и барала помош. Во зависност од моменталната состојба на студентите, само 10% од оние кои многу доцнеле застанале да помогнат, за разлика од 63% од оние кои биле скоро на време. Очигледната иронија е дека темата на нивното предавање била помагање, но оние кои биле во брзање едноставно не успеале да го спроведат на дело тоа што го проповедале.

Студија за синхронизација на менструалниот циклус – Оригиналната студија која била објавена во 1971 година, открила дека жените кои живееле заедно имаат тенденција да бидат синхронизирани во однос на нивните менструални циклуси. Овие резултати отсекогаш биле добро познати, но единствениот проблем е што понатамошните студии не успеале да најдат докази за постоењето на менструална синхронизираност.

Заразно зевање – Сите ние сме го искусиле овој феномен, па кога некој во наша близина ќе се почне да зева, истото почнуваме и ние веднаш да го правиме. Но, истражувачите кои го истражуваат зевањето досега успеале со сигурност да докажат само дека заразното зевање е поврзано со годините, бидејќи кај малите деца не се случува. Сепак потребно е многу повеќе истражување во оваа област со цел да се откријат сигурните причини за појавата на заразното зевање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар