5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат и инспирираат

5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат и инспирираат

Јапонците се луѓе познати по нивната интелигенција, здравје, учтивост и благосостојба. Но, зошто овој народ толку се разликува од останатите? Најверојатно станува збор за нивниот образовен систем. Постојат неколку нешта кои се карактеристични за тамошните ученици и кои без сомнение ќе ве изненадат. Прочитајте за што станува збор…

5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат

1. Нема тестови во првите три години

Јапонските ученици не полагаат тестови сѐ до дека не дојдат до четврто одделение. Според јапонската култура, многу е важно да се научат младите ученици на љубезно однесување, отколку да се фокусираат на интензивни подготовки за претстојните тестови. Клучно верување е дека карактерот на децата мора да се развива. Развивањето почит кон другите се учи во училиште, а учениците мора да покажат почитување еден кон друг и секако кон нивниот учител. Од најголема важност е односот ученик-учител. Учениците кои нема да сакаат да ги разочараат своите наставници, нема да се однесуваат непристојно.

2. Учениците сами го чистат училиштето

Јапонските ученици треба самите да ги исчистат училниците и тоалетите. Суштината на ова е да се научат на тимска работа, да споделуваат одговорност и да развијат поголема грижа за работите, не само за луѓето. Всушност, од овде се согледува тоа како тие се грижат за местото каде што треба да учат. Учениците се поделени во групи според задачите кои треба да ги извршуваат. Групите се менуваат во текот на годината, така што секој ученик добива искуство во сите задачи.

3. Учениците јадат исти, балансирани оброци

Освен на учениците кои имаат сериозни алергии на храна, на јапонските ученици им се нудат оброци од стандардно мени. Имено, тие ги учат децата на здрава храна, прикажувајќи им кои состојки им се најпотребни. Менијата се составуваат во соработка со здравствени професионалци и обучени готвачи. Покрај тоа, училишните оброци во голема мера се направени од свежи состојки со локално потекло. Наставниците јадат со учениците, а ова е уште една навика која ги зајакнува нивните меѓусебни односи. Честопати учениците служат ручек еден на друг, како начин за да се прошири благосостојбата во целото одделение.

5 работи во врска со јапонскиот образовен систем кои ќе ве изненадат

4. Јавните училишта ги учат учениците на традиционална уметност

Јапонските ученици ги изучуваат традиционалните уметности како Шодо (јапонска калиграфија) и хаику, формален стил на поезија. Шодо вклучува пишување со бамбус четка и мастило на хартија од ориз. Уметноста бара познавање на јазикот и помага за да се задржи почитувањето на културните традиции. Вештината за пишување хаику поезија дејствува на сличен начин, односно ја промовира свеста кај учениците за вредноста на националните и културните традиции.

5. Јапонските ученици носат училишни униформи

Од средно училиште, јапонските јавни училишта бараат нивните ученици да носат униформи. Стандардите се разликуваат, но многу од униформите се во воен стил, црни униформи за момчињата, а морнарска блуза и здолниште за девојчињата. Тие се скромни во однос на бојата, нивната должина и дизајн. Имено, идејата за носење иста облека е учениците да се чувствуваат како дел од една заедница и со ова е надмината социјалната разлика која се одразува преку надворешниот изглед, при што им овозможува на учениците да се фокусираат на учењето. Некои јапонски училишта имаат строги правила за носење додатоци како што се чантите, шминка, па дури и фризури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар