5 причини зошто треба да го посетите Берлин

Патувањето е секогаш добра идеја, а доколку го изберете Берлин, тогаш со сигурност нема да погрешите. Во овој прекрасен град има многу неверојатни локации што можете да ги посетите, а таа ваша авантура нема да ве чини цело богатство, затоа што Берлин има прилично евтини места. Се прашувате кои главни причини треба да ве импресионираат за да го посетите? Погледнете ги овие 5 кои ќе бидат доволни за уште веднаш да размислите да го ставите овој град на листата на вашето патување.

Чудни музеи

5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патување

Берлин најверојатно има најголем број музеи во Европа. Дури и оние кои не сакаат да посетуваат вакви места, не треба да ја пропуштаат оваа шанса додека се во овој прекрасен град, затоа што Берлин има дел од најчудните музеи на светот кои дефинитивно не може да бидат игнорирани. Тука ќе го видите „Deutsche Currywurst Museum Berlin“ – музеј посветен на најпопуларната улица за храна во Германија. Во кафулето на музејот можете да пробате оригинални јадења и тоа не звучи лошо. Овде спаѓа и музеј кој ги опфаќа работите од модерниот живот. Од барбики, па сѐ до чудни иновации.

Евтина храна

5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патување

Додека повеќето европски градови имаат скапи менија за храна, Берлин ќе ве изненади и од овој поглед. Таму можете да јадете во мали, но прекрасни ресторани, а ќе најдете и најразлична кујна, од популарната индиска, па сè до јадења од Виетнам – изборите се бескрајни. Во овој град нема да потрошите цело богатство, но ќе искусите многу!

Прекрасни фрески

5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патување

Сигурно имате слушнато за галеријата Источна страна (East Side Gallery) и за нејзините шарени графити. Но, тоа не е сѐ. Градот е богат со интересни фрески кои ќе ги видите на елегантни згради, хотели и трговски центри. Се чини дека германскиот народ дише во боите.

Оригинална уметност и иновации

5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патување

Прошетајте во некој случаен трговски центар во Берлин и ќе бидете воведени во светот на оригиналните инсталации. Продолжете во некој парк и ќе ве заболи главата од мислење за значењето на многуте поставени скулптури. Во Берлин ќе можете да го видите и водениот часовник кој со капки вода ги покажува часовите, минутите и секундите. Таму буквално можете да видите како тече времето!

Пријатно локално население

5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патување

Можеби ќе ви биде чудно, но во Берлин ќе сретнете луѓе кои учтиво ќе ви ја понудат својата помош, ќе ви ги покажат потребните насоки и ќе ви ги дадат потребните информации. Не треба да се изненадите и доколку тие поминат повеќе време со вас, обидувајќи се да ви помогнат, а понекогаш може и да добиете нешто гратис!

Секако, покрај овие постојат уште многу други причини, како што е слободен влез на некои изложби, места каде што ќе можете да преспиете без да потрошите многу пари и слично. Вреди да искусите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар