5 одлични дестинации за зимски меден месец

Во овој период веројатно повеќе би сакале да истурите црвено вино на вашата венчаница отколку да размислувате каде да одите за медениот месец. И покрај стресот што доаѓа со планирањето на венчавката, вие и вашиот сакан заслужувате едно романтично патување. Погледнете некои од најдобрите дестинации за меден месец кои е одлично да ги посетите и во зима.

1. Сантијаго, Чиле

5 одлични дестинации за зимски меден месец

Зошто да не го почувствувате летото во јужната хемисфера? Изгласана како држава број 1 која треба да ја посетите оваа година, Чиле е полна со шарм и романтика. Оваа година државата слави 200 години независност, а главниот град е полн со тренди бутици, храна и историски локации кои вреди да ги истражите со саканиот.

2. Санторини, Грција

5 одлични дестинации за зимски меден месец

Ако отсекогаш сте сакале да го истражите нашиот јужен сосед, зимата е одличен период ако вашиот буџет е ограничен. Можеби нема да можете да уживате во плажите, но тоа не значи дека нема да го почувствувате шармот на овој сино-бел остров. Можете да најдете навистина евтини понуди надвор од сезоната.

3. Венеција, Италија

5 одлични дестинации за зимски меден месец

Нема ништо поубаво од градот кој плови и неговите гондоли, рестораните со свежи тестенини и тесните калдрми. Покрај тоа, ако ја посетите Венеција во зимските месеци ќе ја избегнете гужвата од туристи. Исто така ќе најдете многу поевтино сместување, поевтини летови, но и поевтина храна.

4. Мајами, Флорида

5 одлични дестинации за зимски меден месец

Иако за оваа дестинација можеби ќе ви бидат потребни повеќе пари, ако одите во овој период можете да најдете поевтини летови и сместување. Ќе ги искусите автентичните кубански ресторани и прекрасниот ноќен живот. А можеби ќе откриете и некоја скриена плажа.

5. Амстердам, Холандија

5 одлични дестинации за зимски меден месец

Овој град со канали можете да го посетите со навистина ограничен буџет. Овде ќе најдете некои од најдобрите пејзажи во Европа кои се уште поубави кога има малку снег. Сместете се со сопругот во некоја локална пивара или посетете некој од многуте музеи кои нудат големи попусти надвор од сезоната.

Ако не ви се допаднаа овие предлози, погледнете некои од прекрасните, но потценети градови во Европа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Mimi Reply

    Прекрасен избор на дестинации за меден месец но и за сите отанати вљубеници во патување.

Остави коментар