5 машки пријатели кои секоја девојка треба да ги има покрај себе

Доколку верувате во пријателства помеѓу мажи и жени, тогаш големи се шансите дека негувате платонски односи со припадниците на посилниот пол. Тоа е добро, бидејќи мажите имаат некои карактеристики кои не можете да ги најдете кај своите пријателки, па токму затоа и можат многу да ви помогнат во различни животни ситуации. Погледнете ги следниве 5 видови машки пријатели кои секоја девојка треба да ги има покрај себе.

5 машки пријатели кои секоја девојка треба да ги има покрај себе

1. Пријателот кој секогаш ја кажува апсолутната вистина

Со него можете да зборувате за сè, вклучувајќи ги и важните животни одлуки, бидејќи знаете дека тој секогаш ќе ви ја каже вистината. Тој не потпаѓа под влијание на вашите солзи и тажни очи, туку јасно и гласно го изразува својот став без разлика за темата на која зборувате.

2. Пријателот кој кокетира со вас

Помеѓу вас нема хемија и вие знаете дека никогаш нема да бидете во романтична врска, но тоа воопшто не ве спречува да уживате во меѓусебното кокетирање. Луѓето кога прв пат ве запознаваат, секогаш помислуваат дека сте пар, но реалноста е дека вие сте само добри пријатели кои знаат како да го ценат добриот комплимент. Покрај него, вие секогаш се чувствувате убаво и посакувано.

3. Пријателот со голем број познанства кој ги знае сите новитети

Тој знае каде излегуваат славните, кој ноќен клуб е моментално хит и каде едноставно мора да отидете на вечера. Исто така тој има и голем број врски, па токму затоа и без проблем наоѓа влезници за музички спектакли, филмски премиери и други видови забавни настани во градот.

4. Пријателот кој секогаш ве заштитува

Тој е вашата карпа и е многу повеќе од само физички заштитник. Доколку му испратите порака, објаснувајќи му дека момчето со кое моментално се состанувате, паралелно се гледа со уште 3 девојки, тој ќе ви одговори: „Да не сакаш да го посетам по работа?“ Иако знаете дека тој никогаш навистина не би го повредил, сепак неговиот силен став ви помага да се чувствувате подобро.

5. Пријателот кој е секогаш тука да ве ислуша

Тој не ве осудува, внимателно ве слуша кога му зборувате и секогаш е подготвен да ви понуди утешни зборови. Всушност, токму затоа и му ги признавате сите оние нешта кои не можете да ги кажете на никој друг. Тој е секогаш тука за вас, но истото го очекува и од вас за себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Anna Reply

    Dobro koga vekje ednas kje prestanat site da upotrbuvaat seksisticki klishea? na pr. da gi narekuvaat mazite pripadnici na POSILNIOT pol?
    Dali vie navistina mislite deka tie se posilni? Zosto pak zenite bi trebale da bidat pripadnicki na poubaviot pol? Ni ednoto ni drugoto ne e tocno.

    seksisticki klishea – e toa bi bila dobra tema, povelete napisete nesto za toa!

    Pozdrav,
    Anna

Остави коментар