4 причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни?

4 причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни?

Само оние кои имаат кучиња знаат каков благослов во животот може да биде присуството на вакво милениче во нивните животи. Додека некои сметаат дека грижата за куче е само дополнителна обврска, науката вели дека партнерската грижа за животното може да ве научи на непроценливи лекции во животот и да ја зацврсти вашата врска.

Навистина е возбудливо сознанието дека кучињата освен што нè прават посреќни, имаат и позитивен ефект врз другите аспекти од нашите животи, па затоа ги споделуваме со вас останатите детали за грижата за кучиња.

1. Учите како подобро да се справувате со стресот

4 причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни

Паровите кои заеднички се грижат за куче, учат како полесно да се справат со стресните ситуации. Тоа е она што го покажува една студија, спроведена од Универзитетот во Бафало. Преку нивните откритија се тврди дека паровите кои поседуваат куче, подобро реагираат при стресни ситуации отколку паровите кои немаат куче.

Истражувачите работеле со 100 парови, од кои 50 поседувале кучиња и 50 не поседувале. Резултатите од следењето на отчукувањето на срцето и крвниот притисок направени за време на стресни ситуации, покажале дека крвниот притисок на паровите кои биле сопственици на кучиња бил понизок отколку кај паровите без кучиња.

2. Ги подобрувате вашите вештини за родителство

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julianne Hough (@juleshough) on

Да се грижите за куче со партнерот значи да споделувате заедничка одговорност за нешто многу важно. Вашата меѓусебна љубов и вложениот труд околу грижата за вашето кученце ќе ве научи на првите чекори во родителството.

Хранењето на вашето куче, чистење по него и други различни дневни задачи ќе ги активираат вашите родителски инстинкти и ќе ги всадат вештините на одговорност. Дури и кога сте имале прилично лош ден, сепак ќе одвоите време за шетање, хранење и чешлање на вашето кученце. Покрај тоа, ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини и ќе научите како да правите компромиси.

3. Го подобрувате вашето здравје

4 причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни

Ништо не е поздраво од добрата прошетка во паркот. Студиите покажуваат дека новите сопственици на кучиња драстично ги зголемуваат своите рекреативни прошетки во текот на првите 10 месеци од кога се грижат за милениче, а тоа влијае на нивното здравје на многу позитивен начин.

И не само што вежбањето со вашето куче е здраво, туку помага и во вашата врска. Рекреативното трчање или пешачење со вашето кученце партнерот е здраво и забавно, а времето поминато со здрави активности го подобрува вашиот квалитет на живот во целина.

4. Споделувањето на одговорноста ќе направи да се чувствувате поблиски

4 причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни

Вистина е дека грижата за куче бара голема жртва и од вас и од вашиот партнер, но за возврат споделувањето на одговорностите ќе ја зацврсти вашата врска.

Грижата за куче заедно со вашиот партнер ќе ви покаже точно колкава одговорност можете да прифатите. Сите дополнителни, заеднички обврски што доаѓаат со прифаќањето и грижата за куче ќе направат меѓусебно да ги откриете вашите карактери. Значи, тоа е добитна комбинација.

Можеби сакате да прочитате и што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар