35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

Пријателите ги одбирате, но сестрата ви е дадена од Бога. Ќе стекнете многу пријателства, постојани и кратки, но сестра ви е вашата најдобра другарка која е тука и во добро и во зло. Се разбира, сте се карале како мали и нема да се согласувате за многу работи, но длабоко во себе знаете дека ви мисли само најдобро и дека што и да правите и каде и да одите нема да стекнете подобра другарка од вашата родена сестра.

Еве само дел од причините зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка. Доволно за уште веднаш да ѝ се јавите и да ѝ кажете колку ја сакате.

35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

1. Секогаш можете да ѝ се доверите за вашите семејни проблеми. Во иста „каша“ е и секогаш ќе ве разбере.

2. Таа е тука секогаш за вас. Дури и ако вчера сте кубеле коси, денес е спремна да го згазне под нозе оној кој ве повредил.

3. Затоа што ве знае подолго од која било ваша другарка.

4. Едноставно ве разбира и без да се обидете да ѝ објасните.

5. Затоа што вашата поголема сестра минала низ истиот пат и безрезервно ви дава искрени совети кои нема да ги чуете на друго место.

6. Ви позајмува облека.

7. Вашата постара сестра ве штити до лудило и иако некогаш ви оди по нерви, со нејзината мајчинска грижа па дури и надменост, знаете дека ви мисли добро.

8. Вашата помлада сестра се огледува на вас што ви е доволна поддршка во лошите денови и ве мотивира да носите разумни одлуки бидејќи знаете дека вие сте ѝ пример.

9. Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.

10. Таа е тука да ви ги прочита мислите тогаш кога тврдите дека сè е во ред.

11. Никогаш нема да ве лаже за тоа како изгледате… за разлика од продавачката во бутикот која само се труди да продаде едно парче облека плус.

12. Знае да ве сослуша бидејќи искрено се грижи за вас.

13. Нема да ги издаде вашите тајни бидејќи сте семејно поврзани.

14. Само со неа може да се смеете за некои чудни случки и личности во вашата фамилија.

15. Затоа што ве тера да гледате хорор филмови заедно на што вие не можете да речете „не“.

16. За секој нејзин обид да ве преплаши по завршувањето на хоророт.

17. Затоа што ќе бара да спиете заедно бидејќи и таа се плаши.

18. Само таа ја разбира вашата чудна смисла за хумор и обратно.

19. Може да го претепа оној кој ви го скршил срцето па чувствувате дека немате потреба од постар брат.

20. Ве има видено како играте низ соба и не ви се смее, и таа го прави истото.

21. Може во очите да ви прочита доколку сте вознемирени.

22. Бидејќи неверојатно е во колку работи сте слични а колку понекогаш сте различни.

23. Затоа што се гордеете на нејзините успеси а и таа на вашите.

35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

24. Бидејќи кога се роди вашата помала сестра делумно ја презедовте мајчинската улога.

25. Затоа што е оригинална на свој начин а многумина не знаат за таа нејзина карактеристика.

26. Секогаш може да снимите луди домашни видеа со ваши кореографии и комични ситуации.

27. Како мали најголемите бељи ги правевте со вашата сестра.

28. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи и нема да се обидува да ги ублажи зборовите кога треба под итно да се соочите со суровата реалност.

29. За сите тајни кои ги криела за вас, за секој пат кога излегла со вас само за да ве пуштат родителите, за секој час од кој сте избегале а таа не кажала.

30. Ве видела и во најдобри и во најлоши изданија а сепак ве сака.

31. Знаете дека кога ќе имате деца (или ако веќе имате деца), таа ќе биде ваша бебиситерка на располагање.

32. Без разлика колку сте физички оддалечени, ја чувствувате блиску до вас.

33. Нејзиниот совет е токму она што сакавте да го чуете во моментот.

34. Не се обидува да ве промени бидејќи ве сака такви какви што сте.

35. Бидејќи помисливте на неа во истиот момент кога го прочитавте насловот и знаете дека е ваша единствена.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. stema Reply

    Добро, луѓе, малку адаптација на преводиве.
    „Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.“ – she’s just a room/bad away… толку е очигледно.

    • Ели Радеска Reply

      Секоја фраза може да ја преведете од македонски на англиски и обратно, така што навистина не знам од каде заклучивте дека станува збор за буквален превод. Би Ве замолила да го најдете оригиналниот текст (кој според Вас постои и е буквално преведен во овој пост) и да го постирате линкот во коментар.
      Поздрав и секое добро.

Остави коментар