30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавите

30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавите

Станува збор за оние слатки, мали, невидливи моменти од секојдневието, а истовремено толку силни што никогаш нема да ги заборавите. Моменти на кои ќе се присетите после многу години, ќе се насмевнете и ќе кажете „Мојот живот навистина беше едно прекрасно патување со безброј убави, попатни станици“.

30 прекрасни моменти од животот кои никогаш нема да ги заборавите

1. Моментот кога сте се соочиле со некој страв и сфаќате дека нема подобро чувство од тоа да го правите она од кое најмногу сте се плашеле.

2. Моментот кога одлично сте поминале на тежок тест и тоа убаво чувство кога знаете дека може да постигнете сѐ што ќе замислите.

3. Моментот кога сте почнале да возите без придружба и целиот пат сте ја слушале омилената музика.

4. Моментот кога ја зедовте првата плата и како верувавте дека тешката работа навистина се исплати.

5. Моментот кога запознавте нов пријател, знаејќи дека ќе останете блиски засекогаш.

6. Моментот кога вашата симпатија ви кажала дека ве сака и како не сте можеле да престанете да се смеете.

7. Моментот кога слетувате во омилената земја.

8. Моментот кога ја спуштате главата на перница после продуктивниот ден на работа и како тоа ве довело еден чекор поблиску до целта.

9. Моментот кога вашиот омилен тим го освојува првенството и еуфоријата што следи.

10. Моментот кога го држите бебето на некој драг човек и како станувате невини и блажени во тој момент.

11. Моментот кога заземате цврст став откако сте биле тивки и трпеливи долго време.

12. Моментот кога го добивате тоа за кое сте се молеле и сфаќате дека светот не е толку лош и после сѐ.

13. Моментот кога сфаќате колку ве сакаат луѓето околу вас.

14. Моментот кога вашето милениче ве пречекува секој ден кога се враќате дома.

15. Моментот откако сте имале специјален разговор со вашите партнери и веднаш сте почувствувале дека сте се зближиле уште повеќе.

16. Моментот кога сте успеале да насмеете некого кој имал ужасен ден.

17. Моментот кога се откажувате од некој или нешто што ве држело заробени и слободата која доаѓа со тоа.

18. Моментот кога сте го направиле вашето семејство среќно, без разлика дали затоа што сте биле добри студенти, добра личност или едноставно само затоа што сте тука кога најмногу им требате.

19. Моментот кога вашите пријатели ќе направат нешто слатко за вас и ќе ве потсетат колку навистина ве сакаат.

20. Моментот кога успешно ќе завршите мисија: губење тежина, фокус на работата, оптимизам и слично.

21. Моментот кога ќе завршите добра книга и инспирацијата која ја наоѓате во тие зборови.

22. Моментот кога докажувате нешто пред некој што погрешно се сомневал и самодовербата која ја добивате од тоа.

23. Моментот кога конечно сте успеале да направите некоја тешка јога поза.

24. Моментот кога ќе одлучите да бидете пољубезни кон себе и ќе почнете полека да се сакате себеси, со сите свои маани.

25. Моментот кога добивате благодарност поради некое добро дело.

26. Моментот кога ја пуштаат вашата омилена песна на радио.

27. Моментот кога неочекувано налетувате на некој стар колега или соработник.

28. Моментот кога после долго време одите на плажа и спокојот кој го чувствувате од звукот на брановите и убавината на небото.

29. Моментот кога конечно сфаќате зошто ви се случило нешто и конечно ја решавате загатката.

30. Моментот на тишина кога вистински уживате во вашето сопствено присуство и сте благодарни за дарот на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар