25 необични, но топли начини да објасните точно што значи домот

25 необични, но топли начини да објасните точно што значи домот

Домот е сржта на вашата душа. Место на кое секогаш можете да бидете она што сте и на кое никогаш не мора да ги криете вашите емоции, желби, страсти, маки, страдања. Секој си има свој начин да го опише својот дом и понекогаш тоа се оние малите работи на кои другите не им би дале значење, но за нас претставуваат сè. Велат, домот е онаму каде што е срцето и тоа навистина е така. Во продолжение прочитајте 25 необични, но топли начини да објасните што точно значи домот.

25 необични, но топли начини да објасните точно што значи домот

1. Удобноста на вашиот кревет после долгиот и напорен ден. Перницата на која можете да ја потрпете вашата глава и да го одморите умот.

2. Звукот на смеењето на вашите пријатели додека седите на каучот и гледате телевизија.

3. Чувството на мир кога правите прошетка во некое тивко соседство или гледате во некој прекрасен пејзаж.

4. Удобна неделна квечерина покрај каминот со луѓето кои ги сакате.

5. Погледот кој ви го испраќаат пред да ве бакнат.

6. Безбедноста која ја чувствувате кога ја држите раката на вашата мајка пред да ја преминете улицата.

7. Првата голтка кафе наутро, кога светот е тивок и можете да ја посведочите светлината на новиот ден и да ги слушнете птиците како пеат.

8. Начинот на кој личноста која ја сакате ве прегрнува кога сте тажни или исплашени и сè што ви треба е само еден пријатен допир.

9. Топлината која ја чувствувате кога вашето милениче ви спие во скутот или спие со вас под ќебето.

10. Местото на кое можете да бидете тоа што сте без да се преправате или да носите маски.

11. Место на кое одите кога сакате да бидете сами, вашето светилиште.

12. Трпезариската маса во куќата во која сте пораснале.

13. Чаша вино по еден напорен ден.

14. Сигурност во еден несигурен свет и стабилност во еден нестабилен свет.

15. Пуштањето на омилените песни на глас, одново и одново.

16. Добра книга и шолја топол чај.

17. Мирисот на свежиот воздух кој се шири низ вашата душа и ве оживува.

18. Местото на кое доаѓате после некоја лоша ноќ и каде одеднаш сè станува во ред.

19. Играњето и трчањето во дворот кога надвор е сончево.

20. Местото каде ви се случиле сеќавањата и моментите кои ве оформиле. Рабовите на вашите животни пресвртници.

21. Местото на кое одите кога се чувствувате беспомошно и кога светот повеќе нема смисла.

22. Зборовите кои ги кажувате без филтер – онака како што сакате да бидат слушнати.

23. Местото на кое се подготвувате за некоја средба, свадба или важен настан.

24. Онаму каде што ги собирате скршените парчиња и одново ги составувате.

25. Домот не е местото каде што сте се родиле, туку местото од каде што не сакате да избегате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар