20 знаци дека сте вистинска бунтовничка

20 знаци дека сте вистинска бунтовничка

Бунтовните жени имаат смелост да ги отфрлат сите оние очекувања за личноста која треба да бидат. Тие не се грижат што луѓето мислат за нивното тело, ниту пак им дозволуваат на другите да им кажуваат што треба да прават. Овие жени се целосно фокусирани на тоа да бидат оние кои навистина се. Тие сами се дефинираат и не дозволуваат социјалниот притисок да ги покори. Тие се бунтуваат против лудиот свет кој постојано се обидува да им каже какви треба да бидат и успеваат во сите оние нешта кои ќе си ги постават како цели.

20 знаци дека сте вистинска бунтовничка

1. Вие одбивате да бидете оној вид жена која светот сака да бидете. Вие се држите понастрана од статус кво и го мразите застареното клише за она што значи да се биде жена, знаејќи дека овие антички сфаќања се виновни за живеењето на жените ширум светот во сенка.

2. Вие ги презирате сите дефиниции и етикети. Што значи да се биде жена? Секоја жена си се доживува на свој уникатен начин и никој не може, но и не смее да се меша во тоа.

3. Вие радикално се прифаќате себеси. Знаете дека силата не доаѓа од тоа да се биде прифатен од страна на другите, туку дека таа доаѓа исклучиво од нашата внатрешност и прифаќањето на оние кои навистина сме.

4. Вие никогаш нема да бидете мали, помалку или слаби. Вашето присуство е татнеж, а не шепот.

5. Ако имате какви било грижи за стареењето, тие се во контекст на тоа колку многу нешта сакате да постигнете во вашиот живот. Вие ја отфрлате импликацијата дека сите жени се жалат за стареењето само затоа што се силно приврзани за својот младолик изглед. Но, вам не ви пречат брчките – тие се симбол на чест.

6. Вие одбивате да се чувствувате виновно за јадењето на сите оние нешта кои ви ги бара срцето или пак, за фактот што не вежбате. Ваше тело, ваши правила. Кај вас нема „виновни задоволства“, само задоволства. Секогаш.

7. Вие не судите ниту една жена за нејзините избори и живеете според мотото „Живеј и остави ги другите да живеат“. Како другите жени го дефинираат своето постоење не е ваша работа.

8. Вие се облекувате онака како што сакате да се облекувате, одбивајќи да ги слушнете сите оние актуелни модни совети и трендови. Вашите алишта не се тема на дебата, ниту пак сакате тие да бидат променети.

9. Вие одбивате да живеете мал живот. И секако, сами ја создавате дефиницијата за она што значи да се живее голем живот.

10. За зборот „треба“ нема место во вашиот речник. Единственото нешто кое верувате дека би требало да го направите е да ги исфрлите сите очекувања од тоа каков треба да биде вашиот живот.

11. Вие знаете дека вашиот живот е само ваш и дека само вие можете да го градите или уништувате. Вие не сакате да ја играте улогата на жртва која е немоќна и ги одбивате сите силни верувања дека жените се слаби. Вие сте сила која не може да биде сопрена.

12. Вие разбирате дека силата не е студена, далечна или без чувства. Понекогаш, кога одите против целиот суров свет, треба да бидете понежни со цел да го завршите она кое сте го започнале.

13. Вие никогаш нема да кажете дека никој не ви е потребен. Не постои ништо храбро во криењето од светот и луѓето, баш напротив, постои вистинска храброст во пуштањето на луѓето во вашето срце.

14. Вие целосно ги поседувате вашите чувства и емоционални реакции. И не, никогаш не сте ирационални само затоа што чувствувате. Ирационално е да се биде отрпнат на свет кои може да ви понуди сè што некогаш би посакале.

15. Вие се спасувате самите себеси. Целосно преземате одговорност за вашиот живот и знаете како да бидете среќни. Вие се сакате себеси и не им дозволувате на другите да ја диктираат вашата вредност.

16. Вие апсолутно одбивате непотребно да се натпреварувате со другите жени. Ова може да биде реалност за други луѓе, но не и за вас.

17. Вие знаете дека високата самодоверба има моќ да изгради живот. Криењето на вашата самодоверба пред другите нема да направи ништо повеќе од тоа да ве држи затворени во стапица.

18. Вие навистина ЖИВЕЕТЕ. Вие сте се бореле во многу битки, но и сте имале прекрасни моменти. Најважно од сè, знаете како да уживате во секој момент од вашиот живот.

19. Вие среќно постоите и во хаосот. Исто како и другите, така и вие правите грешки, станувате несигурни, плачете, се лутите, но за разлика од нив, вие не се срамите од вашата приказна.

20. И за крај, најважно од сè, вие не им дозволувате на другите да ви кажуваат кои сте. Освен вие. Вие самите си кажувате кои сте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар