20-те најсилни ментални блокади што секојдневно ви го уништуваат животот

Во себе ги носите вашите животни приказни, емоционалната приврзаност, верувањата и многу други работи што остануваат во вашиот ум со години. Вашето срце е заклучено додека вашиот ум се врти околу истата мисла цело време. Некои од работите до кои се придржувате се бескорисни идеи кои значително ја црпат вашата енергија, некои од нив се емотивни остатоци од тешките моменти од вашето минато. Некои од нив се само верувања за кои сте приврзани без очигледна причина, а некои се деструктивни навики и стравови. Обидете се да ги отфрлите следните 20 работи затоа што тие се најмоќните ментални блокади.

20-те најсилни ментални блокади што секојдневно ви го уништуваат животот

1. Чувство на вина

Вината нема никаква функција. Размислете што може да реши таа и како? Само ве држи како затвореник на мачењето и тагата.

2. Негативно размислување

Песимистичките мисли и негативните ставови ве чуваат во темна аура. Тоа е опасно затоа што мислите силно влијаат на светот околу вас.

3. Самокритика

Се критикувате себеси со најдобри намери, но често ја преминувате границата. Потоа, критиката се претвора во обесхрабрувачки пораки. Ослободете се од критиките и бидете нежни и љубезни кон себе.

4. Предрасуди

Предрасудите ве прават огорчени и тие ги намалуваат можностите за поврзување со другите.

5. Присилно размислување

Дали имате одреден став затоа што сметате дека така треба, а нема очигледна причина за тоа? Време е да ги земеме предвид и придобивките и несаканите ефекти.

6. Потреба од одобрение од другите луѓе

Луѓето имаат навика да бараат одобрување од другите. Ваквото однесување укажува на потребата да привлечете внимание кон себе, но тоа е и закана за вашата самодоверба и за вашиот интегритет.

7. Верувања што ве ограничуваат

Повеќето од вашите граници се наметнати. Животот не е тој што поставува граници, туку вашите верувања. Научете да ги препознаете оние верувања што ја ограничуваат вашата способност да направите нешто и ослободете се од нив.

8. Приговори

Ако имате многу приговори, ќе страда вашето здравје. Истражувањата покажуваат дека постои поврзаност помеѓу срцевите заболувања и емоциите како што се лутина и огорченост.

9. „Утре ќе…“

Одложувањето ве спречува да извршите многу важни задачи.

10. Мисли што ве загрижуваат

Овие мисли произлегуваат од стравот од непознатото и од неизвесноста за иднината. Мислата за тоа дека може да се случи некоја непријатност е само нереална мисла што самите ја создавате. Запрашајте се дали таа мисла се заснова на вистински факти.

11. Рани од старата љубов

Некои рани заздравуваат долго време. Вашето срце е заклучено додека во вашиот ум се врти истата мисла цело време. Во таа болка треба да сфатите дека не страдате заради загубата, туку заради мислењето што го имате за загубата.

12. Неубави спомени

Понекогаш се сеќавате на непријатни работи што ве растажуваат. Тие грди спомени влијаат врз вашата сегашност. Нека останат таму каде што припаѓаат – во минатото.

13. Непотребни работи

Се приврзувате за многу работи. Понекогаш, од сите непотребни работи правите хаос во својот живот. Ослободете се од нив и поедноставете ја околината во која живеете и работите.

14. Лошо друштво

Ако имате луѓе околу вас кои се нечесни, завидливи, обесхрабрувачки или песимисти, држете ги подалеку од вас.

15. Денес е резултат на вчерашниот ден

Една вообичаена грешка што ја правите е тоа што верувате дека вие сте резултат на вашите минати искуства. Ова го ограничува погледот кон иднината, па затоа сте убедени дека иднината може да биде иста како минатото. Некои работи не можете да ги промените, но многу други сè уште се во вашите раце.

16. Поистоветување со работата или со други улоги

Ова е еден од ризиците на современиот живот. Бидејќи различните улоги стануваат сè поспецифични, вие почнувате да мислите дека сте самите тие улоги. Поради тоа, можеби ќе го изгубите погледот кон вашата вистинска природа.

17. Лоши навики

Навиките се однесување што постојано го повторувате и тие можат да ви пречат во корисното и продуктивно дејствување. Тоа може да биде сè – од гледање премногу телевизија или прејадување до земање дрога и слични опијати.

18. Лично сфаќање

Честопати сте емотивно вознемирени затоа што ги толкувате зборовите на луѓето од многу субјективна гледна точка. Кога ги прифаќате работите лично, станувате вознемирени, повредени и разочарани. Кога гледате на животот од објективна гледна точка, одржувате емоционална рамнотежа и сте фокусирани на она што е важно.

19. Гледање во часовникот

Времето е еден од најголемите извори на стрес. Понекогаш се чувствувате заглавени во концептот на времето, дури и кога одморате. Тоа ги уништува вашата слобода и вашиот простор. Научете како да поминете некое време без да бидете свесни за времето и тоа ќе биде ослободувачко и продуктивно искуство.

20. Поврзаност

Според будистичката филозофија, приврзаноста е коренот на проблемот. Се приврзувате кон многу работи, дури и кон најглупавите изрази во универзумот. Размислете дали сте врзани за нешто, дали тоа ве спречува да направите нешто и дали страдате поради тоа.

Прочитајте кои се 40-те најдобри работи во животот што не можат да се купат со пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар