20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

Пролетта е период во кој се случуваат многу свадби и сигурно и самите веќе сте поканети на неколку. Добивте прекрасно декорирана покана за свадбата на вашата најдобра пријателка од средно, вашиот колега или втор братучед (кој сте го виделе три пати во животот), па и вие самите дозволивте свадбарската еуфорија да ве понесе. Но, пред да одговорите на поканата, имајте ги на ум овие неколку работи што несвесно ги правите, а кои страшно ја нервираат невестата…

20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

1. Не одговарате дали ќе присуствувате до последен момент.

2. И потоа кога ќе се решите дека сепак ќе одите на свадбата, кажувате дека ќе дојдете со вашиот партнер.

3. И вашите деца (кои не биле поканети).

20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

4. Постојано ѝ се јавувате на невестата за да ја прашате како треба да бидете облечени.

5. И како да стигнете до местото.

6. Иако секој од тие детали го пишува на самата покана.

7. Го наметнувате вашето мислење за изборот на менито.

8. И распоредот на седење. („Навистина ќе ме ставиш да седам на таа маса со пијаниците?“)

20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

9. И за музиката. („Нема да имате бенд, сериозно?!“)

10. И покрај сите разговори околу дрес кодот на свадбата, вие се појавувате по патики.

11. И во бело.

12. За време на церемонијата му го блокирате погледот на скапиот фотограф со вашиот смартфон.

20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

13. И објавувате фотографии од невестата на Фејсбук уште пред таа да го каже судбоносното „да“.

14. Не го почитувате распоредот на седење и седнувате на друга маса.

15. И го менувате вашиот избор на мени.

16. Ја нарачувате „Елено моме“ не еднаш, туку два пати.

17. И за несреќа донесувате пијана одлука да играте чочек на песната.

20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

18. Пред да направите неприкладна здравица.

19. Затоа што со седумте чаши шампањ го пречекоривте лимитот за една чаша (или можеби пет).

20. И правите сцена со која целосно ѝ ја уништувате свадбата на невестата, иако денот е нејзин, а не ваш!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    se gleda deka e prevedeno od nekoja angliska statija bidejkju ne e prilagodeno na nasite obicai ama ic.

Остави коментар