20 нешта што ги разбираат само оние кои имаат многу строги родители
Детството е доволно тешко само по себе, особено тинејџерските години, но кога имате строги родители, нештата стануваат 10 пати полоши. Ако никогаш не сте ја искусиле радоста од останувањето подоцна од договореното време, ако никогаш не сте пробале да ги фатите во добро расположение за да ги прашате нешто што ви е важно и ако никогаш детално не сте се објасниле и за најмалиот детаљ поврзан со излегувањето, тогаш вие не знаете како изгледа да се има строги родители.

1. Вие сте првата личност која заминува од друштвото.
2. Кога барате дозвола да преспиете кај пријател/ка потребни ви се 37 часа ментална подготовка, детална PowerPoint презентација од населбата и внатрешноста на куќата и секако, договор потпишан со вашата крв според кој нема да пиете и ќе си легнете во 12 часот.
3. Вашите пријатели прават планови за подоцна истата вечер, а вие знаете дека нема да одите затоа што на вашите родители им требале 2-3 работни дена за да размислат дали воопшто да ве пуштат.
4. Вежбате пред огледало за да ги прашате за нешто важно и потсвесно смислувате одговори на прашањата што знаете дека ќе ги постават.
5. Секогаш чекате пред да прашате нешто – мора да бидат добро расположени.
6. Некогаш, пред да прашате нешто, само тажно ќе ги погледнете и ќе речете: „Не е важно и онака ќе кажете не“ за да имате поголеми шанси да ве пуштат.
7. Ги прашавте еднаш и само еднаш за да останете подолго во куќата на вашиот/та пријател/ка. Не ви е јасно зошто вашите пријатели мислат дека „прашај уште еднаш“ ќе смени нешто.
8. Секогаш треба да избирате помеѓу излегување во петок или сабота затоа што нема шанси да ве пуштат двата дена.

9. Чувствувате огромна паника и страв кога вашите пријатели 10 пати ќе го променат планот и вие мора одново и одново да им објаснувате на вашите родители што точно ќе правите.
10. Ако пропуштите само еден нивни повик тие наеднаш мислат дека пушите марихуана со „тие пријатели“ кои тие отсекогаш ЗНАЕЛЕ дека лошо ќе влијаат врз вас.
11. Никогаш не сте пцуеле пред нив. И сѐ уште не пцуете.
12. Секогаш сте го менувале каналот на телевизија кога ќе влезел некој од родителите додека вие сте гледале нешто каде што актерите може да се бакнат или, не дај Боже, да се разголат.
13. Главни теми на разговор за време на јадење се вашето образование и што сте правеле на училиште – никако за социјалниот и љубовниот живот. Што е до нив, немате ниедно од тие две нешта.
14. До ден-денес, сѐ уште не можете да се облечете без да помислите што вашите родители би мислеле за тоа што го носите.
15. Според нив, треба да сте задоволни со само едно дупчење на ушите. Ако само помислите да ја обоите косата во необична боја, да си направите тетоважа или пирсинг, веројатно самиот пекол ќе замрзне.
16. Веројатно сте имале исто име барем со 4-5 деца од вашиот клас.
17. Манирите отсекогаш биле најважни. Говорот „не сакаме да нѐ мислат за дивјаци“ го имате слушнато преку 100-тина пати и веќе го знаете наизуст. Всушност, не сте сигурни кој говор сте го слушнале повеќе пати: тој или предавањето дека винската чаша се држи долу.
18. Имате импулсивна реакција кога ќе слушнете дека некој од вашите пријатели преспал кај нивното момче/девојка. Тоа е огромен шок, толку голем што 15 минути седите со отворена уста.
19. Многу внимателно ги одбирате шегите што им ги кажувате на родителите затоа што после кратката смеа може да следува 45-минутно предавање кое на крај завршува така што ве испраќаат во соба.
20. Постојано лажевте. За сѐ. И сѐ уште ги лажете.

