18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

Веројатно може да се напишат стотина нешта што би можеле да ги направите во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, но моравме да издвоиме само 18. Проверете ја листата во продолжение и уживајте. Да почнеме.

1. Посетете го Лондон

Без разлика каде сте, препорачливо е да се посети главниот град на земјата во која патувате. Фактот што Лондон е еден од најдобрите градови во светот е доволна причина зошто е на оваа листа. Посетете ги неверојатните историски знаменитости и музеите. Одете на шопинг, вечерајте во ексклузивен ресторан и забавувајте се во едни од најпрестижните ноќни клубови во светот.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

2. Испијте чај во Девон

Постојат многу места во Јужна и Западна Англија каде се служи традиционален англиски чај, но Девон е најдобриот избор. Тоа е така затоа што таму се прави најдобриот тенок колач, густ крем и џем, кои се послужуваат со чајот за целосно уживање.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

3. Посетете ја палатата Бленхајм

Покрај тоа што е родниот дом на војводите од Марлборо, светско наследство и еден од најдобрите примери за рустикална архитектура во Англија, Палатата Бленхајм, исто така е и родното место на Винстон Черчил, кој бил прогласен за „Најголем Британец“. Но, и без врската со Черчил, куќата и градините се прекрасно нешто што вреди да се искуси во живо.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар