17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Без разлика каде планирате да одите на одмор, сигурно гледате фотографии од туристички атракции додека мечтаете. Но на овие фотографии се наоѓа стравот на секого – безброј луѓе на местото кои се обидуваат да направат фотографија и кои можат да ви го уништат целото искуство. Па почнувате да се прашувате дали можеби вашата дестинација од соништата е преценета. Дали навистина вреди да се „гужвате“ во толкава толпа? Сепак, за некои дестинации навистина вреди да го направите тоа.

1. Акропол, Атина, Грција

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

И покрај гужвите, вреди да го посетите Акропол. Тој се наоѓа на карпест рид над градот. Комплексот вклучува неколку важни класични структури од кои најпознат е Партенон. Партенон е најважниот „преживеан“ споменик од грчката антика.

2. Островот Алкатраз, Сан Франциско, Калифорнија

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Многу луѓе мислат дека Алкатраз е вистинска стапица за туристи. Но, ова е едно од местата за кои нема да ви биде криво што сте ги посетиле. Овој затвор некогаш ги држел најозлогласените американски криминалци. Овде спаѓаат Ал Капоне, Џејмс „Вајти“ Булгер и Роберт Френклин Страуд.

3. Анкгор Ват, Сием Реап, Камбоџа

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Анкгор Ват е најголемиот религиски споменик во светот и морате да го видите. Оригинално, храмот бил изграден во чест на богот Вишну, но кон крајот на 12-тиот век станал будистички храм. Храмот е голем колку речиси цел град.

4. Национален парк Банф, Алберта, Канада

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Туристите го опишуваат ова место како најстариот и најневеројатниот национален парк во Канада. Го посетуваат над 4 милиони туристи секоја година. Но не дозволувајте овој број да ве исплаши. Не сакате да ги испуштите неверојатните планински терени, глечерите, замрзнатите полиња и густите шуми.

5. Сина лагуна, Гриндавик, Исланд

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Ако сте размислувале за Исланд, сигурно на ум ви паднала и Сината лагуна, геотермална бања направена од луѓе. Ова е една од најпознатите атракции во Исланд. Базенот е полн со 9 милиони литри топла морска вода и е опкружен со вулкански полиња со лава.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар