15 знаци дека вие сте кралицата на драмата во вашето друштво

Понекогаш навистина не ви е јасно како успевате да бидете во центарот на вниманието и сите погледи да се насочени кон вас. Дали станува збор за вашето однесување, настаните кои ги доживувате или пак, едноставно сте се нашле во друштво на луѓе кои се природно помирни од вас? Без разлика на причината, доколку се препознавате во овие 15 знаци, тогаш вие со сигурност сте кралицата на драмата во вашето друштво!

15 знаци дека вие сте кралицата на драмата во вашето друштво

1. Најпрво да ги расчистиме работите. Вие не барате драма, таа ве наоѓа вас!

2. Кога правите промена на вашата коса, вие не правите каква било фризура, туку нешто што остава силен впечаток. Таа совршено го отсликува вашето моментално расположение и на сите точно им дава до знаење до каде сте моментално во животот.

3. Ниту една кашлица не поминува без гуглање на симптомите и откривање на вашата неизбежна смрт. Вашите пријатели понекогаш мора да ви го кријат лаптопот за да ве спречат при вашите дијагнози на ретки и фатални болести.

4. Сте поминале повеќе од една вечер плачејќи во тоалетот на вашите пријатели како последица на драма исполнета со многу алкохол. Вашите пријатели понекогаш тајно ви тураат вода во пијалаците за да го спречат овој експлозивен настан.

5. Доколку немате сочни настани од викендот кои би можеле да им ги прераскажете на вашите соработнички, вам воопшто не ви се оди на работа во понеделник. За што би зборувале тогаш?

15 знаци дека вие сте кралицата на драмата во вашето друштво

6. Вие честопати се запрашувате зошто животите на вашите пријатели се толку досадни во споредба со вашиот. Истото момче од 15 години? Не се соочиле со смртта лице в лице? Не планираат да станат јога инструктори и да се преселат во Нов Зеланд? Што се случува со нив? Ајде внесете малку возбуда во светов…

7. Но, од друга страна пак, драмата на другите не е ни приближно слична со вашата. Погледнете ја само историјата на вашите психотични бивши и сè ќе ви стане јасно.

8. Додека се движите накај вашите пријатели, вие повторувате сè што сакате да им кажете со цел да не заборавите нешто важно. Вие не сакате да ги изоставите сите оние нешта за вашето последно раскинување, некоја тропска болест, или пак, за новостите во модата.

9. Вие детално им ја прераскажувате драмата од работа на вашите пријатели која најчесто вклучува „читање меѓу редови“ на совршено невини коментари кои вие ги интерпретирате како злобни. Понекогаш навистина ја мразите вашата работа!

10. Постојано ве обвинуваат за претерано реагирање. Не е ваша вина што сте се родиле како личност која премногу размислува и која има силна експлозија на емоции во себе.

15 знаци дека вие сте кралицата на драмата во вашето друштво

11. Вашите пријатели секогаш ви го честитаат роденденот со пораки кои ја вклучуваат вашата драма. Се прашуваме зошто…

12. Вие сте горди на вашите драматични објави на Фејсбук и Твитер. Без разлика дали станува збор за селфи од болница или мистериозниот статус/твит за необјаснива болест, овие објави секогаш се популарни помеѓу вашите пријатели.

13. Кога нешто екстремно драматично ќе му се случи на некој друг, вие сте вистински среќни затоа што можете малку да се одморите од центарот на вниманието. Исто така малку сте љубоморни затоа што тоа не ви се случило вам.

14. Вие ја имате најдобрата мрежа на подеднакво драматични пријатели околу вас. Онаа која има криминално досие, онаа која има афера со славна личност, онаа која е славна личност… Но, ги одржувате овие пријатели на вашата периферија бидејќи немате енергија да се справувате и со нивната драма постојано.

15. Целосно сте ги прифатиле вашите пријатели, но и тие вас. Некои од нив пушат цигари, некои се заразени со пилатес, некои не можат да се оттргнат од лошите момци, но вам воопшто не ви пречат, а истото можат и тие да го кажат за вас.

Но и покрај сè, без малку драма животот би бил здодевен… Се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар