15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст

15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст

Сите растеме и созреваме, некој брза да порасне, некој пак доцни со созревањето. Не дека има нешто лошо во тоа да се однесуваш позрело за своите години, напротив и тоа може да биде забавно, сè додека знаете како на моменти да „одлепите“. Ова се 15 знаци дека сте позрели од повеќето ваши врсници.

15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст

1. Ви се случило некој од колегите/познаниците да ве праша колку години имате и кога ќе му одговорите да се изненади бидејќи мислел дека сте макар 5 години постари од вашата вистинска возраст.

2. Имате макар еден близок пријател кој е 5-10 години постар од вас.

3. Имате навика да ги држите нештата под контрола, а тоа најмногу важи за вашето однесување. Ни на крај памет не ви паѓа да излезете, да се испијаните и да повраќате по пат. Кога ќе им го кажете ова на вашите врсници тие се на некој начин шокирани.

4. Таткото на вашата најдобра пријателка или најдобар пријател мисли дека сте неколку години постари од неговата ќерка, или неговиот син. Подоцна, кога сте имале ваков разговор сфатил дека всушност сте врсници, а вие не знаете дали треба да бидете почестени или навредени што сите тие години ве сметале за повозрасни од она што сте.

5. Може да се дружите, зборувате или пиете кафе со мајката на вашата другарка без да ви биде чудно или непријатно.

6. Ретко кога се облекувате кежуал за надвор од дома. Дури и да е семејна средба или кафе со пријателите, вие додавате макар ронка отменост, елеганција и професионалност во вашиот изглед.

7. Пријателите често ви се обраќаат за совет и понекогаш се чувствувате како родител кој минал низ сето тоа и може да го посоветува своето дете.

8. Обично излегувате со личности кои се неколку години постари од вас, па кога ќе се најдете во нивното друштво, сфаќате дека сте во просек неколку години помлади од сите луѓе на масата, но не ви пречи, напротив, ви се чини како да сте врсници.

9. Пријателите ви се обраќаат за финансиски совети и слични важни животни прашања, бидејќи ви веруваат и знаат дека сте стабилни личности на кои можат да се потпрат.

10. Сфаќате дека она што сте се обидувале да им го докажете на вашите пријатели пред некоја година, тие сега почнуваат да го сфаќаат и да го применуваат во животот. Сепак, нема да им речете ништо бидејќи тоа би било безобразно од ваша страна.

11. Полека чувствувате дека нема потреба да криете многу работи од вашите родители, всушност, кога ќе размислите добро, сте кажале само неколку „бели“ лаги измината година. Браво, бидете горди на себеси.

12. Ви се случило во неколку наврати вашите пријатели да раскажуваат за лудата саботна вечер, но вашата приказна е следна: бевте дома, ја расчистивте собата, појдовте до продавница па гледавте филм.

13. Не чувствувате потреба да купувате сè по најнов тренд, многу повеќе обрнувате внимание на квалитетот и цената, како и на тоа колку навистина ви е потребно ново парче облека.

14. Веќе долго време не ви се случило да испратите „пијана“ порака или „пијан“ повик во 2 по полноќ, ниту пак ви паѓа на памет да одговорите на телефонски повици по 10 навечер.

15. Не се преоптоварувате со туѓото мислење, и за разлика од порано, не чувствувате потреба да им се објаснувате себеси на другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар