15 знаци дека низ вашите вени тече самовилска крв

15 знаци дека низ вашите вени тече самовилска крв

И покрај тоа што светот верува дека самовилите се фиктивни, келтските верувања се сосема спротивни. Според нив, некои кралски семејства биле дарувани со специјални моќи со цел да ја заштитуваат иднината на човечката раса. Велшкиот народ пак, верува дека самовилите се насекаде околу нас, како еден вид посилни смртници, додека келтските замисли за нив се како човеколики суштества.


Со текот на времето се насобрале многу приказни за деца што настанале од спој меѓу човек и самовила, како и за деца што биле киднапирани и заменети со самовили. Постои и верување дека одредени луѓе се дарувани со самовилска крв уште пред душите да им бидат повлечени во сегашното тело. Некои дури и одат дотаму што сметаат дека ние сме директни потомци од самовили.

Без разлика дали има вистина во ова, сепак интересно е да се погледнат знаците за луѓето со самовилска крв. Којзнае, може токму вие ќе се пронајдете во нив и ќе откриете сосема нова димензија од себе…

1. Вие сте природно привлечени кон необјаснети настани или приказни за натприродни сили.

2. Вашата кожа е постудена од кожата на другите, но ова не е непријатно искуство за вас затоа што другите го сметаат за смирувачко.

3. Имате силен инстинкт кога станува збор за нештата што допрва треба да се случат.

4. Многу е лесно да ги освојувате другите луѓе, бидејќи сите се природно привлечени од вашиот поглед. Се чувствува вистинска длабочина кога другите ве гледаат во очи.

5. Вие имате потреба да бидете некаков вид исцелител, па затоа и често се насочувате кон медицинските професии или во оние што вклучуваат каква била помош за луѓе.

6. Имате екстремен циклус за спиење – или не сте способни да останете будни во текот на денот, или не можете да заспиете цела ноќ.

7. Сте имале имагинарни пријатели како дечиња, кои дури ни ден-денес не ви делуваат апсурдно. Всушност, сигурни сте дека тие сè уште постојат.

8. Добивате главоболки од рутери за вифи или кога сте во близина на какви било други електромагнетни бранови.

9. Никогаш не сте можеле да го објасните тоа, но имате чувство како да не сте целосен дел од вашето семејство.

10. Можете да изразите буквално сè низ вашата музика. Вие сте длабоко поврзани со звуците и живеете за музиката.

11. Постојано сте опишувани како уникатни и различни од другите.

12. Се чувствувате приземјено и стабилно кога сте во природна околина.

13. Понекогаш се чувствувате и како да не сте дел од овој свет. Го поминувате целиот ваш живот во чекање на нешто.

14. Вие постојано сонувате за друг свет, и на тој начин си го одвлекувате вниманието од овој во кој моментално живеете.

15. Можете природно да ги смирите бебињата и животните. Тие обожаваат да ви се приближуваат и да бидат во ваша близина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар