15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото - Part 3

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

11. Неуспешни научни експерименти

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Забрзувачот на честички во ЦЕРН би можел да создаде црна дупка.

Иако ова повеќе звучи како фантазија, сепак постои можност да се направи грешка и да се уништи целата планета. Додека некои луѓе се загрижени за судирачот во ЦЕРН, научниците тврдат дека нема потреба за паника. Научниците исто така тврделе дека атомската бомба нема да ја запали атмосферата – и биле во право.

12. Вонземјани

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Можеби навистина ќе биде како во „Денот на независноста“ (Independence Day), но ќе треба да се потрудиме повеќе за да се одбраниме.

Веројатно и вонземјаните се вистинска закана. Иако не знаеме за нив, според статистиката во универзумот има друг интелигентен живот. Прашањето е што ќе се случи ако стапиме во контакт. Ако вонземјаните се понапредни од нас, многу експерти сметаат дека средбата ќе заврши лошо за нас.

13. Соларни бури и гама зрачење

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Во 2012-та година Земјата беше избегната за влакно, а заканата постои и денес.

Иако сонцето нема да нè уништи уште многу години, сепак можеме да бидеме спржени од соларните бури кои се многу чести. Друга закана која доаѓа од вселената се гама зраците кои можат да предизвикаат вистинска штета.

14. Супер вулкан

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Можеби живееме поблиску до супервулкан отколку што мислиме.

Супервулканот е огромен вулкан со неверојатна моќ на ерупција. Ако еруптираат, овие вулкани може да уништат огромни површини. Јелоустон во САД е ваков вулкан и моментално претставува најголема закана за планетата.

15. Паѓање на симулацијата

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Што ако навистина живееме во компјутерска програма?

Ова е најсмелата теорија – идејата дека живееме во симулација која може да биде избришана за секунда. Веројатноста дека ова е вистина е многу мала, а некои научници дури и се обиделе да докажат дека светот не е една голема видео игра. Но сепак можеби архитектите на симулацијата ги програмирале да мислат така…

Прочитајте ги и катастрофалните предвидувања за оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар