15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетит

15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетит

Доколку вашето момче е постојано гладно и има голем апетит, тогаш без сомнение веќе сте се сретнале барем со една од следниве неколку ситуации… Но, ако сте подолго време заедно, големи се шансите дека сите ви се веќе добро познати. Погледнете ги наредниве 15 ситуации кои можат да ги разберат само девојките кои имаат дечко со голем апетит.

15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетит

1. Кога ќе порачате заедничка храна со достава (кинеска храна, пица…), тој јаде толку многу и толку брзо што вие едноставно мора да почнете да се борите за вашиот дел од вечерата.

2. Но, кога ќе го изедете последното залче од неговиот десерт, тој тотално полудува.

3. Тој го јаде целиот чипс, не оставајќи ништо за вас во оние момент кога навистина имате потреба за нешто солено.

4. Токму затоа и морате да јадете здрава ужина со цел да ја задоволите својата потреба за нешто солено (што е помалку задоволително) и додека го правите тоа наоѓате трошки од чипсот насекаде врз каучот.

5. Скоро целосно се имате откажано од одење заедно на суши.

6. Кога доцните за вечера и тој е гладен, доживувате огромен стрес.

7. Кога не сака да го дојаде тоа што ви останало на вас, почнувате да се плашите дека постои голем проблем за кој не сте свесни.

8. Кога бара да го проба вашиот милкшејк, пие половина од него.

9. Истото се случува и кога ќе побара едно залче од вашата храна.

10. Кога тој е многу, многу гладен, секогаш ви вели да одите некаде каде што има ужасно нездрава брза храна.

11. Постои инцидент со споделувањето на вашата храна кој за малку ќе доведел до крај на вашата врска. На пример, тој ја изел целата салата откако вие сте рекле дека ќе ја довршите, но на кратко сте станале до тоалет и сте ја оставиле незаштитена од неговиот апетит…

12. За време на свадбите, тој не може да танцува и да се забавува со гостите бидејќи едноставно е претерано фокусиран на храната околу него.

13. Исто така, на свадбите, тој нема да направи никаков контакт со кој било гостин бидејќи постојано ќе биде во исчекување на новата порција со храна.

14. Мора да трошите многу пари за храна бидејќи тој јаде за двајца. Понекогаш и за тројца. Можеби дури и за четворица.

15. Длабоко во себе сте свесни дека ако некогаш имате дете и ако тоа биде машко, сите ваши пари ќе одат за нивното исхранување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар