15 измами кои докажуваат дека луѓето ќе поверуваат во сè - Part 3

15 измами кои докажуваат дека луѓето ќе поверуваат во сè

11. Гласот на Вирлон, 1977

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

На оваа фотографијата се гледа приемникот во Велика Британија каде на 26-ти ноември, 1977-та година имало вонземско прекинување на емитувањето. Спикерот придружен со зуење, изјавил дека бил вонземјанин наречен Вирлон и претставник на „Интергалактичкото здружение“. Гласот ја предупредил Земјата дека е во опасност, дека сите оружја мора да се отстранат и дека имаме малку време да живееме во мир. Пораката се смета за измама, но не е познат идентитетот на спикерот.

12. Дихидроген моноксид, 1990

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

Што би направиле ако ви кажат да се држите настрана од водата бидејќи содржи опасен водород? Оваа измама го демонстрира недостатокот од знаење за наука што може да предизвика паника. Шегата станала популарна во 1990-та година кога студентите од Универзитетот во Калифорнија рашириле информација дека нивната вода е загадена со дихидроген моноксид. Всушност, ова е само едно од научните имиња на хемиската формула за вода. Подоцна неколку веб-сајтови напишале предупредувања за „опасниот“ дихидроген моноксид.

13. Археораптор, 1999

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

Археораптор е името на фосил од Кина од текст објавен во National Geographic во 1999-та година. Весникот тврдел дека фосилот е „изгубената врска“ помеѓу птиците и диносаурусите. За жал, се покажало дека врската е лажна. Фосилот бил направен од неколку други фосили од разни видови.

14. Измамата Марс, 2003

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

Тешко е да се верува, но многу корисници на Интернет си праќаат информации за приближувањето на Марс кон Земјата. Луѓето тврдат дека црвената планета ќе изгледа голема колку месечината. Се разбира, Марс можеби се доближува одвреме-навреме, но е релативно мала на небото.

15. Инцидент со балон, 2009

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

Оваа мистерија се случила на 15-ти октомври, 2009-та година во Колорадо. Ричард и Мајуми Хине пуштиле балон во форма на летачка чинија да полета и тврделе дека во него е нивниот син Фалкон. Локалната полиција со хеликоптери почнала да го брка балонот и многумина поверувале во измамата. Целото ова време, Фалкон се криел на таванот од неговиот дом. Неговите родители ја создале приказната бидејќи сакале да привлечат внимание и да заработат пари. Но добиле затворска казна, парична казна и морале да напишат формално извинување до агенциите кои го барале Фалкон.

Понекогаш и најневеројатните приказни се вистина. Овие луди теории на заговор ќе ви го докажат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар