15 историски факти што ќе ве остават без зборови

15 историски факти што ќе ве остават без зборови

Сите сакаат факти, особено кога ги слушаат прв пат. На оваа листа се наоѓаат 15 историски факти кои на мнозинството луѓе им се непознати. Од древните времиња до модерниот период, оваа листа опфаќа сè.

15 историски факти што веројатно не сте ги знаеле

1. Светецот Симеон Столпник бил свештеник кој се прославил во 5-тиот век откако поминал 37 години стоејќи на мала платформа на столб во Сирија. Го направил ова од аскетска причина и подоцна неговиот пример го следеле и други свештеници.

2. За време на првата династија во древен Египет, многу предмети и членови од семејството биле заѕидувани со телото на мртвиот крал. Од луѓето и животните закопани со кралот се очекувало да му помогнат во задгробниот живот.

3. Во 1927-ма година, Ото Роведер го измислил исечениот леб. Тој ја направил првата машина за сечење и пакување леб и добил патент за изумот. По само 6 години од изумот, повеќе се продавал сечениот леб за разлика од несечениот.

15 историски факти што веројатно не сте ги знаеле

4. Во 1911-та година во Кина биле забранети опавчињата коса бидејќи ги гледале како врска со нивното феудално минато.

5. За да го олеснат пловењето на бродовите спротивно од текот на водата, трговците од Месопотамија граделе бродови на расклопување кои пловеле по текот со магаре во нив. На крајот на патувањето се продавала рамката од бродот, а кога завршувале со трговијата се враќале дома со магаре.

6. Во древен Рим казната за убивање нечиј татко била давење во вреќа заедно со куче, петел и змија.

15 историски факти што веројатно не сте ги знаеле

7. Александар Велики измислил техника за шпионажа што се користи и денес. Тој ги терал војниците да пишуваат писма до дома, а потоа ги читал за да открие кој е против него.

8. Во Губио, Италија од 12-тиот век до денес, секоја година се одржува трка. Најинтересно е што резултатот е наместен. Селаните носат 3 статуи во трката – светците Убалдо, Антониј и Ѓорѓи. Секоја година прв е Убалдо, втор Ѓорѓи, а трет Антониј.

9. Во 1847-ма година за прв пат била употребена анестезија за породување. Мајката била толку воодушевена од безболното породување, што ја крстила ќерка ѝ Анестезија.

15 историски факти што веројатно не сте ги знаеле

10. Последен пат е употребен напад со коњаница во Втората светска војна. Монголската коњаница нападнала германска пешадија. Во нападот не загинал ниту еден Германец, а загинале 2.000 Монголци.

11. Распоредот на градбите употребен во многу градови не е нов изум. Прв пат се појавил во Мохенџо Даро, Индија, пред 4.500 години. Куќите покрај улиците имале голи ѕидови свртени кон улицата за да се заштитат од сонце и прашина.

12. Првата полицајка била Алис Стебинс Велс која почнала со работа во полицијата во Лос Анџелес во 1910-та година. Бидејќи била првата и единствената полицајка, сама си ја дизајнирала униформата. Четири години подоцна, и Велика Британија ја добила својата првата полицајка.

15 историски факти што веројатно не сте ги знаеле

13. Во 1700-тите во Париз, жените носеле шапки на кои биле прикачени громобрани доколку излегувале на лошо време. Многу лоша идеја.

14. Околу 3100-3050 година п.н.е. Египет го добил својот прв фараон – кралот Менес. Се верува дека тој бил првиот владетел човек и го наследил тронот од богот Хор.

15. Ѓорѓија од Епир (3-тиот век п.н.е.), грчки софист, бил роден во ковчегот на неговата мртва мајка. Луѓето што го носеле ковчегот го слушнале и го извадиле.

Погледнете и некои од најпознатите лажни историски факти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар