13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

Уличните крадци не се само вешти со рацете, туку тие се и многу паметни психолози. Некои од нив имаат толку големо знаење од нивната „област“ што точно можат да проценат како да измамат некого. Дознајте кои се најчестите измами на уличните крадци за да можете да се заштитите доколку се најдете во таква ситуација…

13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

1. Случајно туркање на улица

Еден од крадците „случајно“ се удира во жртвата, а другиот „случајно“ минува покрај нив и го зема паричникот од чантата или џебот на жртвата. Понекогаш крадците глумат дека се тепаат во јавност за да одвлечат нечие внимание.

2. Трик со слушалки

Луѓето кои носат слушалки се многу лесен плен, бидејќи нивното внимание е веќе одвлечено благодарение на музиката. Најлесно е да се украде нивниот телефон. Крадците внимателно ги исклучуваат слушалките и го земаат телефонот. Љубителите на музиката најпрво ќе ги обвинат слушалките и ќе ги погледнат. Ќе им треба некое време за да сфатат што се случило. Овој метод најдобро функционира на автобуски станици кога луѓето губат концентрација поради тоа што ја бараат картата и не обрнуваат многу внимание.

3. Храбри измами во јавен превоз

  • Кога има гужва, доколку сте последниот човек кој се качил во автобусот и стоите до вратите, внимавајте на вашите работи. Има и такви крадци кои трчаат до вратите на автобусот секунда пред да се затворат и бесрамно ги грабнуваат работите што ги држите во раце. Кога ќе станете свесни што се случило, вратите веќе ќе бидат затворени.
  • Ако некој го нарушува вашиот личен простор, па дури и ве турка, никогаш не вртете му го грбот. Тоа им е целта на крадците. Вие ќе гледате кон другите луѓе и вашата чанта ќе биде на мегдан. Освен тоа, крадецот може да изгледа сосема невино. Тој може да зјапа во телефонот или да чита.

13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

4. Трикови во ресторан

  • Ако го закачите палтото на столче, тоа е исто како да ги молите нечесните луѓе да ве ограбат. Сѐ што ќе треба да направат е да ви го одвлечат вниманието. На пример, може да се случи тепачка на соседната маса. Додека вие уживате во шоуто, нивниот „соработник“ ќе ги собере вашите работи.
  • Ако го оставите палтото во јавен шкаф, сопственикот на палтото до вашето може да ви ги испразни џебовите. Тој ќе се преправа дека бара нешто во неговото палто.
  • Ако видите група луѓе како влегуваат заедно, но потоа седнуваат посебно и разговараат на телефон, можете да бидете сигурни дека се обидуваат да најдат нова жртва.

5. Трик со мапа

Постојат крадци кои се преправаат дека се туристи. Тие ќе ви покажат мапа и ќе ве замолат да им покажете каде се наоѓа нешто. Додека вие искрено се обидувате да им помогнете, тие ќе ги испразнат вашите џебови и чанти. Треба да се посомневате доколку се обидуваат да ви ја доближат мапата до лицето што е можно повеќе.

6. Метод на истурање

Овој трик најчесто се изведува во близина на банкоматите. Крадците истураат пијалак или испуштаат сладолед на жртвата којашто само што земала пари. Потоа искрено се извинуваат, ѝ помагаат да ја исчисти облеката и ги празнат џебовите.

7. Гладни деца

Деца во мали групи влегуваат во ресторан. Сите делуваат гладно, изгледаат како бездомници и бараат помош. Додека вие ги жалите кутрите дечиња и барате нешто ситно, младите бизнисмени ќе земе сѐ што може од вашите маси и џебови. Најчесто ова е стапица за туристите што патуваат во странство.

13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

8. Продавање цвеќиња

Дали некогаш ви се доближил бездомник кој се обидувал да ви продаде цвеќе или кадифена играчка за многу ниска цена? Не купувајте дури и да ве молат, да се обидат да ве прегрнат или да се ракуваат со вас. Тие само се обидуваат да ви го одвлечат вниманието и да ви го земат рачниот часовник или да ви ги испразнат џебовите.

9. Добротворни цели

Одвреме-навреме можете да видите несебични луѓе кои се обидуваат да соберат потписи за петиција или да соберат пари за некоја хуманитарна цел. Додека вие ги читате брошурите или потпишувате нешто, еден од љубезните хуманитарци ќе ги собере вашите работи.

10. Пијани и ранливи

Овој метод функционира на луѓе кои пијат во барови, односно на оние кои не можат да размислуваат добро. Некој непознат човек ќе се обложи со вас дека може да ви ја погоди тежината доколку ве подигне. Додека ве држи, крадецот ќе ви го земе паричникот и телефонот. Не ви звучи многу паметно? Се кладиме дека ова би ви изгледало како генијална идеја доколку сте пиеле.

11. Нудење помош

Оваа измама најчесто се користи на постари и изнемоштени лица. Крадците се понудуваат да им ги однесат тешките кеси и торби, потоа ги грабнуваат, бегаат и проверуваат дали има паричник.

12. Стапица во продавница

Доколку обично ја ставате чантата во корпата за пазарење, може да станете жртви на еден многу едноставен трик. Крадците срамежливо ќе побараат да им помогнете да најдат или дофатат одреден производ. Додека вие се обидувате да им помогнете и се концентрирате на задачата, работите од вашата чанта може да исчезнат. Ова ќе го дознаете дури кога ќе сакате да платите на каса.

13. Кој е криминалецот?

Изгледот знае да излаже. Сигурно познавате луѓе кои се прекрасни однадвор, но се однесуваат лошо и луѓе кои изгледаат просечно, но имаат огромно срце. Тешко ќе ги препознаете крадците само по нивниот изглед. Најчесто, тие немаат типично лице на криминалец. За да не бидете ограбени, бидете внимателни и наместо да ја судите книгата по корицата, обрнете внимание на однесувањето што ви се чини сомнително.

13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

Дознајте и кои се најпознатите криминалци во историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар