13 прашања што треба да си ги поставите пред да посвоите милениче

13 прашања што треба да си ги поставите пред да посвоите милениче

Со посвојувањето куче не само што ќе направите нешто добро, туку и ќе се чувствувате добро. Постојат многу животни кои останале без нивните сопственици поради разни причини, па кога ќе се грижите за нив, навистина правите добро дело. Но, голем дел од милениците се напуштени бидејќи луѓето не знаат во што се впуштаат кога ги посвојуваат. Па пред да посвоите некое животно, важно е да си ги поставите овие прашања.

14 прашања што треба да си ги поставите пред да посвоите милениче

1. Дали можам да ја преземам одговорноста?

Грижењето за животно бара многу работа, без разлика дали сте го нашле на улица, сте го посвоиле или сте го купиле. Пред да ја донесете одлуката, запрашајте се дали ќе имате време и средства за прошетки, храна, ветеринар и слично. Најлошото нешто што можете да го направите е да посвоите милениче, а потоа да го вратите бидејќи не сте биле подготвени.

2. Дали сите во семејството сметаат дека тоа е добра идеја?

Дури и ако само еден од семејството се согласува да преземе најголем дел од одговорноста, кога-тогаш ќе треба да учествувате сите. Осигурете се дека секој си ја знае улогата во грижата за миленичето пред да го донесете дома.

3. За каков вид куче станува збор?

Разните раси кучиња имаат разни карактери и се однесуваат различно. Добро истражувајте за расата на кучето коешто сакате да го посвоите за да знаете што му е потребно. Потоа одлучете дали ќе можете да се грижите за него.

4. Како се однесува миленичето?

Кучињата од засолништа обично се постари од оние кои би ги купиле, па веројатно веќе имаат одредени манири и навики. Важно е да се распрашате за карактерот на вашето куче пред да го понесете дома. Дали е активно? Дали е нервозно околу деца? Дали се плаши од странци? Мора да ги знаете одговорите на сите овие прашања.

5. Дали новото милениче ќе се согласува со другите миленици во домот?

Додавањето нов член во вашето семејство миленици може да биде проблематично, особено ако новото милениче имало тежок живот пред да го посвоите. Откријте како реагира миленичето со други животни пред да го понесете дома.

6. Зошто животното е во засолниште?

На овој начин ќе откриете дали вие сте најдобрата личност за тоа животно. Дали претходниот сопственик починал или се преселил? Дали животното е најдено на улица? Дали имало знаци на малтретирање? На некои животни им е потребно повеќе грижа и трпение, а доколку не можете да им ги пружите тоа е сосема во ред. Важно е да го посвоите само животното за коешто ќе можете да се грижите.

7. Дали животното има здравствени проблеми?

Навистина е благородно да посвоите животно со здравствени проблеми, но не сите можат да се справат со тоа. Распрашајте се во засолништето за медицинската историја на миленичето. Ова ќе ви помогне да одлучите дали можете да му ја пружите потребната грижа.

8. Дали животното бил згрижено кај некој друг?

Животните кои биле згрижени кај некого можат да бидат подобро тренирани од оние кои доаѓаат директно од засолништето, но ова не важи секогаш. Доброто кај згрижените животни е што можете да добиете повеќе информации за нив од личноста којашто ги гледала.

9. Дали животното е тренирано за во дом?

Тренирањето на животното да се прилагоди на животот во дом бара време и трпение. Една од предностите од посвојувањето постаро животно е тоа што најчесто тие се веќе истренирани. Откријте дали животното што сакате да го посвоите е тренирано и бидете реалистични дали можете да се справите доколку не е.

10. Дали животното е активно?

Некои раси кучиња се поактивни од другите. Но воглавно, на сите раси им е потребна физичка активност за да останат здрави. Најдобро е да одберете куче кое е активно речиси исто колку вас, со цел да можете да ги задоволите неговите потреби.

11. Дали животното ги има примено потребните вакцини?

Вакцините го одржуваат здравјето на вашето животно. Пред да го посвоите животното, прашајте дали ги има примено потребните вакцини и доколку не, разгледајте дали можете да си дозволите да го однесете на ветеринар.

12. Дали засолништето нуди поддршка за после посвојување?

Неизбежно е да помине период на прилагодување на вашето животно. Откријте дали засолништето нуди некакви услуги како посети, ветеринарнана грижа и слично за посвоените животни. Исто така важно е да знаете што би се случило со животното доколку сепак не можете да се грижите за него.

13. Доколку не можете да посвоите, дали има друг начин да помогнете?

Дури и ако сфатите дека не сте подготвени за ново милениче, тоа не значи дека не можете да помогнете на друг начин. Засолништата за животни секогаш бараат донации како храна, продукти за чистење, крпи, ќебиња и слично. Распрашајте се што е потребно и донирајте што можете.

Погледнете и кои се работите во домот што се многу опасни за вашето милениче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар