13 искрени мисли кои ги имаат мажите кога ќе дознаат дека таа е неочекувано бремена

Мажите се едноставни суштества, па затоа и размислуваат на многу едноставен начин. Кога ќе ја дознаат веста дека нивната сопруга или девојка е бремена, тие поминуваат низ низа емоции и размислуваат на многу необичен начин. Дури може да се каже дека наликуваат на жени.

1. „Нема шанси да го задржиме.“

1-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Сакам да се задржам на животниот план кој си го зацртав. Тој не содржи невообичаена доживотна финансиска и временска одговорност која засекогаш ќе ми го промени животот. Готово. Бегам. Менувам пасош и се селам во Мексико. Таму сигурно нема да ме најде…“

2. „Можеби ќе бидам кул татко…“

„Еј, па ако богот на грмотевиците може, можам и јас! Секако дека можам да бидам татко, мислам, не дека не сме зборувале за деца, сепак сме во брак… Но чекај, таа ми рече дека пие апчиња за контрацепција, па…“

3. „Ме намести!“

3-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Чекај малку, како тоа пиеш апчиња за контрацепција и сега си бремена? Дали воопшто ги пиеше? Сакаш да ме заробиш? Таа се смее! *драматично земање здив* ТАА ГО ПЛАНИРАЛА ОВА!“

4. „Не, ова е личноста со која сакам да имам стабилен живот, ѝ верувам.“

4-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„И дел од тој живот е имањето деца. Секако, ова дојде малку порано од очекуваното, но сепак сме пар. Ова е само прекрасна грешка за која ниедниот од нас не беше спремен. Не ми е ни грижа дали ги пиела апчињата. Ама ако не ги пиела значи…“

5. „Јас не го извадив?!“

5-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Секако дека функционираше досега и сега затоа што јас мислев дека ги имаме нештата под контрола, таа е бремена. Супер. Браво кретену.“

6. „Можеби ова ми е шансата да пораснам веќе еднаш.“

6-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Не можеш да бидеш дете засекогаш и да излегуваш секој викенд е некако досадно и одбивно. Плус, скоро сите твои пријатели веќе имаат деца, па можеби, хм, ќе станеш поодговорен! Одговорноста е супер! Да се грижиш за друго човечко суштество е сериозна работа, па можеби и конечно ќе станеш вистински маж.“

7. „Требаше да се држиме до женскиот кондом.“

7-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Добро, знам дека ја болеше малку и се чувствуваше чудно кога го пробавме тој чудниот агол, но тоа чудо сепак беше како Кинескиот ѕид кој ја спречуваше мојата монголска орда од сперма да ја покори нејзината величествена цивилизација. “

8. „Е добро де, ѝ верувам дека навистина ги пиеше апчињата.“

8-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Ја гледав дека ги пие секој ден и се познава дека и таа е исплашена околу бременоста исто колку и јас. Океј. Ајде само да погледнам што пишува на чудово. Можеби тестот за бременост е лажно позитивен кога пиеш апчиња за контрацепција. Чекај малку, што пишува на етикетата?! …“

9. „Проклетиве апчиња треба да доаѓаат со гаранција!“

9-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Сериозно?! 91% ефективни?! ЈАС НЕ БИ ИМ ВЕРУВАЛ НА ТИЕ СТАТИСТИКИ. 9% ШАНСИ ЖИВОТОТ ДА МИ Е ЗАСЕКОГАШ УНИШТЕН?! ТОА Е ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ! КОЈ ВООПШТО ГИ ПРАВИ АПЧИЊАВА?!“

10. „Татковството е патување, може да биде возбудливо!“

10-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Постојат еден тон прекрасни животни лекции кои можам да ги научам од ова искуство. Конечно ќе дознаам како е да се грижиш за нов живот, за кој јас имам помогнато при создавањето. Плус, од децата може сешто да се научи – ова само може да ми го збогати животот.“

11. „Па-па среќо!“

11-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Ако го задржиме ќе бидеме како сите глупаци кои шетаат низ паркот со слегнати раменици, одговарајќи на глупави и непотребни прашања на себично разгалено детиште чии единствени грижи се слатките, трошењето пари и склоноста да ги прави родителите што е можно помизерни.“

12. „Како ќе функционира сексот?“

12-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Океј, ако сака да го задржи, како ќе го продолжиме ова? Нема повеќе мисионерска? Или мораме на оној мрзелив, страничен начин? И, што ќе се случи со нејзината вагина откако тоа ќе излезе од неа?“

13. „Батали. Ќе го задржиме.“

13-13-misli-koi-gi-imaat-sopruzite-koga-kje-doznaat-deka-taa-e-neochekuvano-bremena-kafepauza.mk

„Сеедно. Голем број идиоти се татковци, не би требало да е толку тешко, ќе се грижам кога ќе дојде. Назад на сексот…“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар