12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

Во денешно време, многу е тешко да се најде вистинско пријателство. Можеби имате голем круг познајници, но колкумина од нив можете да ги наречете пријатели? Колкумина од нив останале покрај вас во тешките периоди од вашиот живот и ви понудиле помош? Колкумина од нив ги сочувале сите ваши тајни и ви ги довериле нивните? Сигурно само еден или двајца. Доколку можете да ги препознаете следниве 12 знаци во односот со вашата најдобра пријателка, обидете се да ја сочувате таа врска засекогаш, бидејќи станува збор за вистинско пријателство кое ќе ви го разубави животот на посебен начин…

12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

1. Секогаш ве поддржува, но доколку не сте во право, ќе ви ја каже вистината. Искреноста е многу важен сегмент од вашиот однос и таа не ви угодува само затоа што сте пријателки.

2. Без никаков проблем разговарате за гадни работи. Можеби за некого „олеснувањето“ во тоалет е чувствителна тема на разговор, но не и за вас две. Веднаш можете да се впуштите во дискусија и детална анализа на сите ваши случувања во дигестивниот систем. Истото важи и за сите останати гадни теми.

3. Луѓето ве прашуваат дали сте сестри. Вистина е дека луѓето кои поминуваат многу време заедно почнуваат да личат едни на други. Можеби воопшто не си личите, но сепак луѓето претпоставуваат дека сте сестри, бидејќи веднаш им станува јасно колку сте блиски.

4. Им се „заканува“ на момците со кои се гледате. Вистинската пријателка ќе ја преземе улогата на родител и ќе се погрижи дека момчето со кое излегувате нема да ве повреди. Таа мислејќи го тоа сериозно, но низ шега ќе му каже дека ако ве повреди ќе си има работа со неа.

5. Не се осудувате меѓусебно. Таа нема да ве осудува доколку гледате некое глупаво реално шоу, туку внимателно ќе ве слуша додека ги раскажувате сите непотребни детали од животот на славните.

6. Ве видела во вашето најлошо издание. Пред неа не морате да ги криете солзите. Имате толку голема доверба во беа, што не ви е срам да заплачете како бебе и да си ја олесните душата.

12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

7. Го познавате нејзиниот вкус и стил. Секогаш кога сами одите во шопинг, здогледувате нешто што знаете дека би ѝ се допаднало и веднаш се јавувате за да ја прашате дали сака да го купите тоа за неа.

8. Понекогаш повеќе сакате да останете дома заедно во сабота вечер, отколку да излезете. Вашата заедничка забава не подразбира само излегување по ноќни клубови и флертување со момци. Убаво си поминувате дури и кога ќе останете дома да гледате филмови и да јадете пуканки.

9. Си ги кажувате тајните на вашите партнери. Си ги кажувате дури и најинтимните работи како што се проблемите во креветот. Вистинската пријателка нема да ве исмева поради тоа, туку ќе ве увери дека нештата ќе се подобрат и ќе ви даде совет.

10. Иако сте биле подолго време разделени, кога ќе се видите продолжувате од таму каде што сте застанале, како да сте се виделе вчера. Не сте се виделе подолго време, но кога повторно ќе се сретнете сѐ е по старо, како воопшто да не поминало толку време. Далечината не може да ги олади вашите односи.

11. Ги обожавате истите серии. Веќе долго време сте пријателки, па така сте развиле сличен, но не и ист вкус. Понекогаш разговарате за Кери Бредшо и Саманта Џонс од „Сексот и градот“ како да се дел од вашето друштво. Дури и си доделувате улоги според вашите омилени ликови.

12. Истовремено кажувате иста работа. Луѓето кои поминуваат многу време заедно, почнуваат да зборуваат на сличен начин и да користат слични изрази. Понекогаш ви се чини дека можете да си ги читате мислите, бидејќи истовремено изговарате исти работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар