12 погрешни верувања за богатите луѓе

Постојат безброј негативни стереотипи за богатите луѓе – не го заслужуваат богатството, избегнуваат даноци и се алчни. Но истражувања покажуваат дека богатите луѓе не се злобни или со многу привилегии. Голем дел од нив посетувале јавни училишта или се отпишале од факултет, не сите избегнуваат даноци и не сите го наследиле богатството од родителите. Па, погледнете некои од најпознатите верувања за овие луѓе коишто се погрешни.

1. Ако сте од богато семејство, и вие ќе бидете богати

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Вистина е дека децата од богатите семејства почесто завршуваат факултет и има поврзаност помеѓу можноста да бидете богати и богатството на вашето семејство. Но ова не важи секогаш. Иако „богатите деца“ имаат повеќе можности во животот, тие исто така имаат поголема можност да го изгубат наследеното богатство. Според едно истражување, 70% од богатите семејства го губат богатството во втората генерација.

2. Сите богати луѓе ги наследиле парите

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Според извештај од 2016-та година, бројот на нови милијардери бил 70% од сите богати луѓе на листата. Помеѓу овие самонастанати милијардери биле Бил Гејтс, Ворен Бафет и Лери Елисон. Но овој тренд важи повеќе за американските милијардери бидејќи повеќе од половина од европските милијардери го наследиле нивното богатство.

3. Богатите луѓе не мора напорно да работат

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Според податоците во книгата „Навики на богатите луѓе“ (Rich Habits) од авторот Томас К. Корли, богатите луѓе работат понапорно од сиромашните. 86% од богатите со полно работно време работеле над 50 часа неделно, додека 57% од сиромашните со полно работно време работеле помалку од 50 часа неделно. Богатите исто така поретко земале боледување и поминувале помалку време на Интернет и гледајќи телевизија.

4. Богатите никогаш не банкротираат

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Ниту богатите не можат секогаш да се спасат од банкрот. Доналд Трамп прогласил банкрот 4 пати. Клучната разлика помеѓу богатите и сиромашните се лагите. Богатите луѓе, како 50 Cent кој прогласи банкрот во 2015-та година и се ослободи од него во 2017-та, обично добиваат строг финансиски план од нивните советници и не им е потребно долго да излезат од долговите.

5. Богатите луѓе се себични

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Некои истражувања покажале дека богатите почесто избегнуваат даноци, почесто ги кршат законите додека возат и најчесто се посебични. Но, друго истражување од холандски научници покажало дека погрешно испратените пари или кредитни картички почесто биле враќани од богатите за разлика од сиромашните. Истражувачите заклучиле дека богатите не се посебични, туку едноставно имаат повеќе пари.

6. Нивните даноци се пониски

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Според едно истражување, мнозинството возрасни мислат дека богатите плаќаат многу пониски даноци. Но податоците покажуваат дека во САД најбогатите луѓе плаќаат 45,7% од целиот приход за даноци. Данокот се зголемува со приходот.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар