12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките - Part 2

12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките

7. Повикајте злобно дете

(7)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Заклучете се во темна соба со огледало. Прекрстете ги рацете како да држите бебе и 13 пати повторете: „Сино бебе“. Би требало да ја почувствувате тежината на бебето во вашите раце, но бидете внимателни. Ако бебето стане премногу тешко, брзо ослободете се од него. Ако предолго го држите бебето тоа ќе почне да ви ги гребе рацете, а неговата мајка ќе се појави во огледалото со цел да ве убие.

8. „Убијте“ ги вашите пријатели

(8)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Оваа игра можете да ја играте во некоја поголема куќа, со изгаснати светла. Ако сакате уште поморничава атмосфера, можете да ја играте и на гробишта. Играта е слична како криенка, се кријат сите освен еден. По неколку минути барачот, во овој случај убиецот, се обидува да ги пронајде своите жртви. Кога убиецот ќе пронајде некој, жртвата мора да викне што е можно повеќе и да се преправа дека е мртва до крајот на играта. Иако е само игра, може да биде навистина вознемирувачка.

9. Одете во друг свет со лифт

(9)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Дали сакате да живеете во друга димензија? Оваа игра со лифт ќе ви го овозможи тоа. Потребно да е влезете во лифт од зграда со најмалку 10 ката. Влезете од првиот кат и отидете на 4-тиот. Кога ќе стигнете, немојте да излегувате и притиснете го копчето за 2-риот кат. Кога ќе стигнете и овде, притиснете го копчето за 6-тиот. Од таму притиснете го копчето за 2-риот кат. Потоа за 10-тиот, и на крај од таму притиснете го копчето за 5-тиот кат. Ако правилно го изведете ова, на 5-тиот кат во лифтот ќе влезе жена и ќе ве праша каде одите. Немојте да ја погледнувате или да разговарате со неа, туку притиснете го копчето за првиот кат. Но, ако лифтот почне да се искачува кон 10-тиот, излезете таму. Влеговте во друга димензија во која се наоѓате само вие.

10. Повикајте злобен дух кој ќе ве следи

(10)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

За оваа игра потребна ви е када. Наполнете ја со вода, исклучете ги светлата и влезете внатре. Бидете свртени кон чешмата. Затворете ги очите, почнете да ја миете косата и гласно повторувајте: „Дарума сан падна“. Во вашиот ум ќе се појави слика од Јапонка која стои во кадата. Таа ќе се лизне и ќе падне врз чешмата притоа губејќи го десното око. Држете ги очите затворени. Ако почувствувате какво биле движење во кадата или слушнете нешто околу вас, прашајте ја жената: „Зошто падна во кадата?“ Потоа внимателно, со затворени очи, излезете од кадата и од бањата. Одете на спиење. Следното утро духот на злобната жена ќе ве следи, а може дури и да ја видите.

11. Посетете гатачка за да ви каже кога ќе умрете

(11)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Ако сте доволно храбри, појдете кај некоја гатачка која ќе ви ја предвиди смртта. Соберете неколку пријатели и откријте ја вашата иднина. Самата атмосфера на Ноќта на вештерките ќе го направи ова искуство навистина морничаво.

12. Искористете ја енергијата од оваа ноќ

(12)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Виткањето лажици е традиција кај сите луѓе кои тврдат дека ја имаат способноста телекинеза. Можете и вие да го пробате тоа. Земете метална лажица, држете ја вертикално и нежно тријте ја помеѓу прстите. Притоа повторувајте: „Свиткај се“. Лажицата ќе се свитка сама од себе или пак ќе стане толку мека што без проблем ќе ја свиткате со рацете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар