11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

Дали сте на прагот на вашите 30-ти? Време е да ја почнете новата декада од вашиот живот полни со позитивна енергија и подготвени вашите 30-ти навистина да ги живеете како новите 20-ти. Дали се сомневате во тоа дали сте постигнале доволно до сега? Немојте. Ова се 11 знаци дека вашите 30-ти ќе бидат одлични.

11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

1. Не се грижите што другите мислат за вас

Ако пред 10 години не можевте да излезете од дома ненашминкани и без совршено чиста и уредна облека, сега веќе не го носите тој товар. Кој што сака нека мисли. Вие знаете дека сте одлични, успешни и убави. До сега животот ве научил дека луѓето секако ќе зборуваат, па можеби е подобро да не се преоптоварувате со тоа. Знаете дека има голема вистина во изреката „Големите умови зборуваат за идеи, просечните за настани, а малите за други луѓе.“

2. Сте откриле која е вашата работа од соништата

И целосно сте ѝ посветени. Среќни сте што знаете дека нема да го минете животот заглавени во работа која не ја сакате, туку преокупирани со нешто кон што ве води страста и желбата. Среќни сте бидејќи знаете дека го работите она што го сакате, па иако ќе има и лоши денови, вие секогаш ги броите добрите моменти. Свесни сте дека доколку некој одбере кариера која ја сака, нема да мора да мине ни ден од животот работејќи.

3. Имате финансиски план

Не сте веќе оние старите – излези, купи сè што сакаш и врати се со празен џеб. Вие сте горди на вашиот финансиски план и заштеда, макар и ако е скромна. Така, имате доволно пари за уживање и патување. Можеби нема да си дозволувате луксузи, но ќе креирате убави спомени и сеќавања.

4. Сте престанале да се однесувате незрело, но детето во вас не ве напушта целосно

Не се будите секое второ утро мамурни и речиси никогаш не доцните на работа. Сега сте сериозни личности. Но, одвреме-навреме знаете да се однесувате по малку детски. Знаете да се смеете гласно, да се напиете, да играте и уживате. Совршениот баланс на зрелост и детска радост е она што ќе ги направи овие години од вашите животи неверојатни.

5. Се грижите за вашето здравје

Знаете да се облечете убаво кога студи, да се негувате кога сте болни, да внимавате на вашата исхрана и да ги одбегнувате нештата кои ви штетат. Честитки, вие сте возрасни! Слободно уживајте во 30-тите кои ќе ви донесат уште многу среќа и уште подобро здравје.

6. Вашиот ум е истрениран да работи умно и продуктивно

Одамна престанавте да губите непотребно време. Знаете какви одлуки да донесете и во најголем дел од времето тие се остроумни и цврсти. За некој да ви го промени мислењето мора добро да се потруди бидејќи вашите ставови се добро издржани. Ни на крај памет не ви е да го земате предвид она во што некој сака да ве натера да верувате или да потпаднете под влијание.

7. Му посветувате внимание на вашето хоби

Знаете дека доколку правилно го распоредите времето, ќе имате време и за вашата кариера и за вашето хоби. Хобито ве опушта и релаксира, а вие сте се истренирале од вашето хоби да бидете продуктивни. Уште подобро ако вашето хоби сте го насочиле кон вашата кариера. Сега сте кралеви во она што го работите, честитки!

8. Сфаќате дека животот е онаков каков што сам ќе го направиш

Никој друг не ви стои на патот до среќата освен самите вие. Или ќе си дозволите да бидете среќни или не. Сè зависи од начинот на кој ги гледате нештата, и вие сте го научиле тоа. Затоа не очекувате ништо од никого и свесни сте дека сами сте задолжени за сопствената среќа, успех и благосостојба.

9. Секојдневно ги добивате наградите од вашето добро пријателство

Вие сте добри пријатели, негувате долги и искрени пријателства и не ги сфаќате здраво за готово. Затоа сте наградени со прекрасни пријатели кои се тука за вас. Кога и да сте тажни ви го разубавуваат денот, а кога сте среќни ви го прават уште поубав.

10. Секојдневно го збогатувате својот живот со нови искуства

Патувате, запознавате нови личности, ги ширите вашите погледи кон животот. Секој ден учите по нешто ново и секогаш сте отворени за нови искуства. Читате и сте сфатиле дека човек навистина учи додека е жив. За вас секој ден е нова лекција.

11. Сте се помириле и ослободиле од минатото

Сфаќате дека секој си има товар од минатото, но вие сте го оставиле таму кај што му е местото – во минатото. Сте им простиле на оние кои ви згрешиле, ослободувајќи се од тежината. Она на што се фокусирате е сегашноста и иднината.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар