11 креативни видео игри кои се одлични за релаксирање

7. Splatoon

(7)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Кога ја правеле играта, од Нинтендо сакале да направат детска верзија од игрите со убивање. И успеале во тоа. Вие сте во улога на дете кое сака да ја покрие мапата од играта со мастило заедно со своето друштво. Иако е правена за млади играчи, во оваа игра може да ужива секој.

8. Thomas Was Alone

(8)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

По само половина час, емоционално ќе се поврзете со играта. Оваа игра успешно создава емоционална резонанса користејќи ништо друго освен наратор полн со ентузијазам и музика. Приказната е раскажана низ многу интересна загатка. Иако звучи чудно, вреди да ѝ дадете шанса и на оваа игра.

9. Braid

(9)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Во оваа игра вашата цел е да му помогнете на заљубениот херој да ја спаси својата принцеза. Можете да го манипулирате времето, да се движите низ насликани мапи и да ги поправате грешките додека ја менувате околината. За да ја завршите целата игра ќе ви бидат потребно само неколку часови, но играта ќе им остави впечаток и на најискусните гејмери. Во последното ниво играта ја користи својата механика на навистина уникатен начин. Креативноста во Braid нема да ја најдете во друга видео игра.

10. Hohokum

(10)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Оваа игра е тешка за опишување. Играте како змија која лета низ магични светови и им носи радост на сите околу неа. Играта е вистински рај за очи. Покрај тоа нема поени, нема непријатели, туку единствената цел е да ги истражите сите 17 уникатни светови додека другите ликови од играта се качуваат на вас. Играта е навистина чудна, релаксирачка, збунувачка, но и неверојатна.

11. Rocksmith

(11)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Играва е како кога Guitar Hero би се играла на вистинска гитара. Замислете си да ја свирите „Free Bird“ на играта, а потоа да земете вистинска гитара и да можете да ја свирите и на неа. Играта има огромна библиотека со песни и мали игри кои ви ги покажуваат основите на свирењето и музичките скали. Ова е одлична забава за сите гитаристи без разлика на нивното познавање на инструментот.

Ако сакате пак добро да се исплашите, погледнете некои од најстрашните видео игри на сите времиња.