11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити - Part 2

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

6. Кравите имаат најдобри пријатели

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Истражувањата покажале дека кравите се многу друштвени и имаат најдобар пријател во стадото. Ако се разделат од нивното другарче, тие стануваат нервозни и вознемирени.

7. Морските крави послужиле како инспирација за митовите за сирени

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Додека се хранеле на површината од океанот, на морските крави понекогаш им се закачувале алги околу главата кои личеле на долга коса. Поради ова и нивните опашки, многу морнари верувале дека виделе сирена.

8. Песните на китовите стануваат популарни исто како и хитовите кај луѓето

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Неколку китови кои живеат во одредена област пеат иста песна која се развива со текот на времето. Ако песната е доволно „певлива“, ќе почне да патува и во други области и други групи на китови ќе ја научат и ќе ја пеат. Истото се случува и со светските хитови!

9. Остригите можат да си го сменат полот

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Во зависност од тоа кој пол е покорисен за време на сезоната на парење, остригите можат да се менуваат во машко или женско.

10. Лавиците остануваат заедно засекогаш

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Сестрите лавици живеат заедно целиот нивен живот. Кога имаат мали лавчиња, женките остануваат со нивните мајки и тетки, додека мажјаците патуваат за да си го најдат сопствениот чопор.

11. Машките морски коњчиња го носат потомството

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Морските коњчиња се моногамни. Кога станува збор за размножувањето, машките ги носат оплодените јајце клетки во торбичка додека не дојде време за нивното раѓање. Освен тоа, морските коњчиња се држат за опашките кога пливаат, исто како што луѓето се држат за раце.

Доколку ви се допадна овој текст, прочитајте уште неколку чудни и интересни факти за животните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар