Неколку чудни и интересни факти за животните

Автор: Марија Смокварска

1. Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.Неколку чудни и интересни факти за животните2. Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци. Тоа би значело дека на еден човек доаѓаат по 12 овци. Една од најпознатите видови денес, мерино овцата, се смета дека е првата овца на Нов Зеланд која денес брои популација од околу 2 милиони, колку цела Македонија :).Неколку чудни и интересни факти за животните3. Животните, исто како и луѓето, се левораки или деснораки. Поларните мечки се левораки. Можеби веќе сте слушнале, но нивното крзно не е бело.Неколку чудни и интересни факти за животните4. Америка е држава во која живеат повеќе од 54 милиони кучиња што претставува изненадувачка бројка. Нема да верувате, но уште поизненадувачки е тоа што се смета дека денес во Париз има повеќе кучиња отколку луѓе.Неколку чудни и интересни факти за животните5. Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.Неколку чудни и интересни факти за животните6. Слонот, меѓу другото, како едно од најголемите копнени животни, води голема грижа за останатите членови во групата, како и за повредените единки. Покрај тоа што имаат големи уши, слухот кај овие видови е многу слаб. Се движат со брзина од 6,4 километри на час. За споредба, луѓето можат да се движат дури и побавно од 4-5,5 км/ч. Што се однесува до нивната храна, тие ја џвакаат само со 4 заба.Неколку чудни и интересни факти за животните7. Свињата е рангирана како 4-то најинтелигентно суштество на Земјата, а во Библијата е спомната само 2 пати. Се смета дека свињите учат побрзо и од кучињата. Чудно е тоа што преферираат средината во којашто живеат да ја чуваат многу чиста, иако нам ни се познати по тоа што се многу неуредни. Свињата има по 4 прсти на секоја нога, меѓутоа, кога се движи ги користи само предните 2, па изгледа како да оди на врвот од прстите.Неколку чудни и интересни факти за животните


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. anomis Reply

    i svinjite NE se potat =]]

Остави коментар