11 цитати што треба да ги запомните доколку се чувствувате анксиозно

11 цитати што треба да ги запомните доколку се чувствувате анксиозно

Од анксиозност страдаат милиони луѓе ширум светот, правејќи ја најчестото ментално нарушување. Анксиозноста може да биде предизвикана од одредени животни настани, како преселување во нов град и во овие ситуации таа е сосема нормална и не треба да ве загрижува. Но кога анксиозноста ќе почне да има влијание врз вашиот секојдневен живот, мора да откриете од каде потекнува и што сака да ви каже. Кога се чувствувате навистина лошо поради вашата анксиозност, потсетете се на следниве цитати.

11 цитати што треба да ги запомнете доколку се чувствувате анксиозно

„Верувај во себе. Си преживеал многу и ќе го преживееш и она што доаѓа.“ – Роберт Ту

„Грижата е како да седите на столче за лулање. Ви дава нешто да правите, но не ве води нигде.“ – Англиска поговорка

„Продолжете со одење низ бурата… Вашето виножито ве чека на другата страна.“ – Хедер Стилфусен

„Внатрешниот мир почнува во моментот кога сте одбрале да не им дозволувате на другите луѓе или настани да ги контролираат вашите емоции.“ – Непознат автор

„Препуштете се на она што сте. Пуштете го она што било. Имајте верба во она што ќе биде.“ – Соња Рикоте

„Можеби смислата не е во тоа да се обидувате да поправите нешто расипано. Можеби смислата е во тоа да почнете нешто ново и да направите нешто подобро.“ – Непознат автор

„Понекогаш причината што не ви се случуваат добри работи е нешто добро што треба да им се случи на другите луѓе.“ – Непознат автор

„Негативниот ум никогаш нема да даде позитивен живот.“ – Непознат автор

„Вие нема да бидете слободни сè додека не се ослободите од затворот на вашите лажни мисли.“ – Непознат автор

„Понекогаш ви е потребно да излезете надвор, да вдишете свеж воздух и да се потсетите кои сте и каде сакате да бидете.“ – Непознат автор

„Денес е совршен ден за нов почеток. Пуштете го стравот и ослободете го вашиот ум. Време е да го отворите вашето срце.“ – Крис Батлер

Прочитајте ги и овие моќни цитати што ќе ви помогнат да ја победите депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар