10-те најпознати женски бегства од затвор - Part 2

10-те најпознати женски бегства од затвор

6. Саманта Лопез

10-те најпознати женски бегства од затвор

Саманта отслужувала 50-годишна затворска казна за грабеж на банка во Џорџија. Била затворена во затворот во Калифорнија каде што се вљубила во Роналд Мекинтош. Роналд бил поранешен воен пилот кој требало да биде ослободен следната година. Во 1986-та година тој избегал додека го пренесувале во друг затвор. 8 дена подоцна тој украл хеликоптер и ја „спасил“ и Саманта. Бегството било успешно, но траело само 10 дена. Биле фатени кога Роналд купувал веренички прстен и напишал чек од банкарска сметка која била надгледувана од полицијата. Роналд заработил 25 години затвор поради хеликоптерот и помошта за бегство, а на Лопез ѝ додале уште 5 години на казната.

7. Сузан Лефевре

10-те најпознати женски бегства од затвор

Мери Волш имала 3 деца, била венчана со бизнисмен и живеела во куќа од 800.000 евра. Возела Лексус, но не била личноста која тврдела дека е. Мери всушност била Сузан Лефевре која избегала од затвор во Мичиген пред 32 години, во 1976-та година. Таа отслужила околу 10 години од 20-годишната казна пред да избега. Кога ја фатиле требало да го отслужи остатокот од казната, но ѝ додале уште 5 години поради бегство. Таа им ја раскажала својата приказна на медиумите и тврдела дека користела дрога рекреативно, а не дека била дилер како што ја обвиниле. Нејзиниот адвокат му рекол на судијата да го отфрли обвинението бидејќи по бегството таа не направила ниту еден прекршок. На крај, поротата изгласала да ја ослободат под услов да не прекрши ниту еден закон.

8. Сара Џо Пендер

10-те најпознати женски бегства од затвор

Сара го запознала осудениот дилер на дрога Ричард Хал на еден концерт. Почнале врска и живееле заедно. Едно утро, Пендер купила пушка која Ричард ја искористил за да ги убие двајцата нивни цимери. Пендер не била дома, но помогнала во криењето на телата и не пријавила ништо во полицијата. Неколку дена подоцна била уапсена ѝ изјавила дека ѝ било страв да го пријави Ричард. Речиси година по апсењето и на двајцата, се појавиле докази кои покажувале дека Пендер била организаторот на убиствата. Таа го манипулирала Ричард ѝ го натерала да ги убие цимерите. Судијата ја прогласил како женски Чарлс Менсон и добила казна од 110 години во затвор. Во 2008-ма година таа успеала да избега со помош на еден од чуварите, но била пронајдена околу една година по бегството и до ден денес сè уште е во затвор.

9. Лимерик Гаол

10-те најпознати женски бегства од затвор

Оваа приказна од 1830-тата година е неверојатна бидејќи покрај тоа што избегале 9 жени, едната од нив била дете. 9-те жени избегале од установа во Ирска неколку часа пред да ги префрлат во друг затвор. Неколку денови пред бегството, некој им дал предмети кои им помогнале во бегството. Исто така, имале помош и од двајца мажи надвор од затворот. Мажите успеале да влезат во женскиот дел користејќи скали и требало да ги скршат бравите, работа која правела многу врева. Па чекале до вечерта кога сите затвореници се собирале и пееле. За време на пеењето, мажите ги скршиле бравите и бегството започнало. Се качиле по скалите, стигнале до улица во близина и никој не ги забележал.

10. Асата Шакур

10-те најпознати женски бегства од затвор

Едно од најпознатите женски бегства од затвор е изведено од Асата Шакур, исто така позната и како Џоан Чесимард. Таа била член на криминалната организација позната како Црната армија за ослободување и му била тетка на познатиот Тупак Шакур. Учествувала во престрелка во Њу Џерси во која биле убиени еден војник и еден член на организацијата. 4 години подоцна била уапсена за убиството на војникот, како и неколку други прекршоци, со што добила доживотен затвор. Членовите на нејзината организација почнале да го планираат нејзиното бегство наскоро по затворањето. Тие фатиле двајца чувари од затворот кои биле одговорни за комбињата и искористиле едно за бегството. Штом се оддалечиле од затворот, го промениле возилото и ја сместиле Шакур во безбедна куќа. По бегството Шакур избегала во Куба каде што добила политички азил. Од ФБИ ја класифицирале како терорист и понудиле награда од речиси 1 милион евра за оној кој ќе ја пронајде. Во 2013-та година била додадена на листата на најбарани терористи, а ова ја направило првата жена која се нашла на оваа листа. Денес, на 70-годишна возраст, Шакур сè уште се крие во Куба.

Погледнете и кои се најпознатите криминалци во историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар