10-те најпознати женски бегства од затвор

10-те најпознати женски бегства од затвор

Сигурно имате слушнато приказни за неверојатните бегства од затвор, но најчесто главниот лик во овие приказни се мажи. Сепак, постојат и многу жени кои успеале во овој подвиг. Нивните методи и мотивации се различни, како и причината поради која се нашле зад решетки. Погледнете ги најпознатите жени кои успеале да избегаат од затвор.

1. Дебора Гавин

10-те најпознати женски бегства од затвор

Во 1974 година, Дебора Гавин избегала од женскиот затвор во Џорџија. Била осудена поради вооружен грабеж. Неколку пати успешно бегала од затворот, но секогаш ја наоѓале, сè до 1974-та година. Откако избегала, се преселила во Тексас, се венчала, имала 2 деца и работела како медицинска сестра. Го користела името Дебора Марфи. 33 години по бегството, властите ја пронашле и ја уапсиле. Дебора тврдела дека избегала бидејќи затвореничките биле сексуално вознемирувани и силувани од страна на чуварите. Затворот станал центар на секс скандал во 1990-тите и се соочил со многу тужби. Во 1993-та година сите жени биле преместени, а затворот бил претворен во машки.

2. Маргарет Б. Смит

10-те најпознати женски бегства од затвор

Маргарет била осудена во 1974-та година бидејќи напишала лажни чекови во вредност од над 200 евра. Била осудена на 4 години во женскиот затвор во Северна Каролина, но била преместена последните неколку месеци. Маргарет тврдела дека нејзината 7-годишна ќерка ѝ донела вознемирувачки вести и морала да избега за да го заштити семејството. Сè уште нема кажано што всушност ѝ рекла ќерка ѝ. По бегството се преселила во Флорида, а потоа се вратила кај нејзиното семејство. Во 2015-та година повторно била затворена.

3. Сквики Фром

10-те најпознати женски бегства од затвор

Линет „Сквики“ Фром била една од најверните придружници на Чарлс Менсон. Менсон и неговото семејство се познати по неколкуте убиства во 1969-та година, но Линет не присуствувала на овие убиства, па не била уапсена. Таа го подржувала Менсон за време на неговото судење. Во 1975-та година таа му вперила наполнет пиштол на претседателот Џералд Форд во Сакраменто. Била осудена за обид за убиство и добила доживотна казна. Во 1987-ма успешно избегала од затворот бидејќи сакала да го види Чарлс Менсон, кому му бил дијагностициран рак. По некое време повторно била фатена и останала во затвор до 2009-та година.

4. 5-те затворенички од Ниантик

10-те најпознати женски бегства од затвор

Во 1984-та година, 5 жени успеале да избегаат од затворот Ниантик во Конектикат. Жените успеале да поминат низ челичните решетки на прозорецот во најстрого чуваниот дел од затворот. Жените успеале да избегаат иако решетките била на растојание од само 19,7 центиметри, а биле високи 38 центиметри. Сепак, нивното бегство траело кратко. 2 од нив биле фатени следниот ден, а други 2 биле фатено по само 2 дена. Последната осомничена била пронајдена по 1 недела.

5. Џуди Лин Хејман

10-те најпознати женски бегства од затвор

Џуди имала 23 години кога избегала од женскиот затвор во Мичиген. Веќе имала отслужено половина од 16-месечната затворска казна кога избегала во 1977-ма година. Била осудена бидејќи се обидела да украде облека од продавница во Детроит. Полицијата ја фатила 37 години подоцна. Во 1983-та година го променила своето име и била позната како Џејми Луис. Нејзиниот адвокат изјавил дека им се предала на властите во 1982-ра година. Судијата ја ослободил.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар