10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Изминатава година ја обележаа две кралски венчавки коишто ги следеше целиот свет. Покрај тоа, многу други славни личности решија да го кажат судбоносното да. Интересно е што некои од најголемите ѕвезди ги одржале нивните венчавки во интимна атмосфера, само со најблиските. Погледнете ги најгламурозните венчавки што ја обележаа оваа година.

1. Меган Маркл и принцот Хари

10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Ова е венчавката за која сè уште се зборува. Американската актерка Меган Маркл и британскиот принц Хари се венчаа со раскошна церемонија во дворецот Виндзор. Покрај членовите на кралското семејство, на венчавката присуствуваа и многу познати личности како семејствата Бекам и Клуни, но и блиската пријателка на младоженците, Серена Вилијамс. Меган носеше венчавка со потписот на Живанши, а подоцна облече фустан на Стела Мекартни.

2. Принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк

10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Внуката на кралицата Елизабета, принцезата Јуџин, стапи во брак со Џек Бруксбенк во октомври оваа година. Принцезата носеше неверојатна венчаница, а до олтарот ја однесе нејзиниот татко, принцот Ендру. И на оваа венчавка беа присутни многу славни личности, помеѓу кои и мајката на Јуџин, Сара Фергусон, која не е во добри односи со кралското семејство.

3. Пријанка Чопра и Ник Џонас

10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Оваа венчавка го обележа последниот месец од годината. Актерката и поранешна Мис на светот со индиско потекло се омажи со 10 години помладиот Ник Џонас. Свадбената церемонија траеше 4 денови, по индиската традиција. Свадбата заврши со церемонија во американски стил. За оваа прилика актерката носеше венчаница од Ралф Лорен дизајнирана специјално за неа. Нејзиниот вел беше долг 22 метра, и 5 луѓе ѝ помагаа да отиде до олтарот.

4. Ричард Гир и Алехандра Силва

10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Актерот Ричард Гир се ожени со шпанската убавица Алехандра Силва која работи како експерт за односи со јавноста. Ова е трет брак на холивудскиот заводник, а и двајцата имаат деца од претходните бракови.

5. Хју Грант и Ана Еберштајн

10-те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

Познатиот холивудски ерген за прв пат реши да стапи во брак на 57 години. Хју Грант и Ана Еберштајн се венчаа со интимна церемонија во Челзи. Ана беше во сосема опуштено издание со Шанел здолниште и кошула, додека Хју носеше одело. На венчавката присуствуваше и нивната ќерка чие име никогаш не е објавено.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар