10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

Дел од откритијата заради кои денеска животот ни е поедноставен и полесен, скапо ги чинеле нивните пронаоѓачи. Платиле со животот…

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

1. Мајкл Дакре – летечко такси (2009)

Дакре загинал тестирајќи го сопствениот изум – летечко такси. По три неуспешни обиди за полетување, на четвртиот конечно се искачил на височина од 200 метри, но ја изгубил контролата врз еден од моторите и се урнал во град во Малезија. Дакре е единствениот загинат во ужасната несреќа.

2. Тан Ченгнијан – ултралесен авион (2007)

Ченгнијан е кинески фармер кој креирал ултралесен авион. Неговиот изум се урнал во селото во кое живеел, во провинцијата Шандонг во Источна Кина.

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

3. Карел Соучек – водена капсула (1985)

Соучек креирал нов тип капсула. Со неа успешно ги поминал Нијагарините водопади, но на вториот тест, на специјално изработениот водопад „Астродоум“ во Тексас, се случила неочекувана незгода. Капсулата прерано била пуштена и започнала неконтролирано да се врти. Наместо да се спушти во центарот на резервоарот со вода, таа удрила во неговиот раб. Соучек се здобил со тешки повреди, на кои им подлегнал наредниот ден.

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

4. Хенри Смолински – летечки автомобил (1973)

Смолински заедно со Харолд Блејк се обиделе да летаат со автомобил. При полетувањето се удриле во возило на крајот од пистата, по што избувнал силен пламен во кој и двајцата загинале. Несреќата се случила во Калифорнија, а проектот ги чинел два милиони долари и нивните животи.

5. Доналд Кемпбел – глисер „Сината птица“ (1967)

Кемпбел со „Сината птица“ соборил осум светски рекорди. Последната цел му била со глисерот да развие брзина од 480 километри на час. На 4 јануари 1967 година, обидувајќи се да ја постигне целта, „Сината птица“ се превртела и се распаднала во водата. Кемпбел не ја преживеал несреќата.

6. Марија Кири – радиум (1934)

Добро ви е познато дека Марија и нејзиниот сопруг се заслужни за откривањето на радиумот. Епруветите со радиоактивни изотопи на овој елемент таа ги чувала во џебовите и во нејзиното биро. Долготрајното изложување на радијација било причина да се разболе од рак, од што подоцна и починала.

7. Александар Богданов – трансфузија на крв (1928)

Русинот Богданов трагал по вечна младост и открил дека може да се подмлади преку трансфузија на крв. Одлучил да вбризга крв од негов студент, незнаејќи дека тој е болен од туберколоза и од маларија. Богданов починал како резултат на овие заболувања. Претходно, во 1925 година, основал Институт за трансфузиологија и хематологија, кој подоцна го добил неговото име.

8. Томас Џуниор Ендрјус – Титаник  (1912)

Тој е креаторот на бродот Титаник, во кој загинаа 1.517 луѓе. На кобното патување на 14 април, во 1912 година, кога Титаник удрил во залутан глечер, на бродот бил и Ендрјус.

9. Вилијам Булог – машина за печатење (1867)

Булог е изумител на ротациона машина за печатење. Додека се обидувал да направи корекција на својот пронајдок, тој во него ја заглавил ногата и заработил тешка повреда. По неколку дена добил гангрена. Починал додека лекарите му ја ампутирале ногата.

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

10. Хенри Винстенли – Светилник (1703)

Англискиот инженер Винстенли е конструктор на првиот светилник „Eddystone“, кој бил уништен во големата бура, во 1703 година. Таа ноќ, Винстенли ја очекувал бурата, но останал во светилникот за да ги доврши работите околу него. Верувал дека неговиот изум е толку многу добар што може да ја издржи и најсилната бура. За жал, не било така.

10 пронаоѓачи кои загинале од сопствените изуми

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар