10 професии во кои психопатите се најдобри

10 професии во кои психопатите се најдобри

Досега повеќе пати сме пишувале дека е доста тешко да се забележи психопат „од прва“, особено затоа што во реалниот живот овие луѓе се многу поразлични отколку оние во книгите и филмовите. Тие, дури, во прв момент изгледаат премногу нормално, можете да ги најдете како тим-лидери или менаџери, бидејќи имаат способност да се изборат за она што сметаат дека ми следува. Бестрашни се и полни со харизма, но кај нив отсуствува емпатијата, а истакната е и способноста за манипулација со другите.

10 професии во кои психопатите се најдобри

Психолозите често ги нарекуваат и „функционални психопати“, бидејќи тие се присутни секаде и успеваат да се изборат да опстанат во општеството. Всушност, животот со нив и покрај нив може да се чини како прилично едноставен, ако се изземат некои нивни карактеристики. Нив може да ги најдете во многу професии, но ова се 10 во кои ги има најмногу:

1. Вработен во јавна администрација или советник

Тие се во служба на граѓаните, па затоа и ова е еден од најпопуларните избори на професија за психопатите. Всушност, тие се добри за да ги одржуваат нештата во ред, одлично се снаоѓаат во кризни моменти, немаат чувства, ниту морален код и тежнеат кон тоа да постапуваат интелигентно и логично.

2. Готвачи

Повеќето психопати не се грижат ако повредат некого, па затоа и им е лесно да работат со остри ножеви и покрај отворен оган. Тие лесно се снаоѓаат во хаос, за разлика од другите, кои би „паднале“ уште при првиот обид, па затоа и не им е тешко да бидат во кујна.

3. Претставници на религиозни организации

Постојат повеќе причини зошто психопат би се приклучил во религиска организација, па дури и да добие улога на проповедник. Тие сакаат да даваат совети, кои често не се правилни, но поради професијата добиваат „на тежина“. Исто така, ваквите организации се одлично место да наоѓаат „следбеници“ и да ги манипулираат, за да можат од нив да влечат доверливи информации.

10 професии во кои психопатите се најдобри

4. Полицајци

Тие се добри во оваа професија бидејќи реагираат со ладна глава во секоја ситуација. Всушност, нивната работа е интензивна и опасна и потребна е личност која има силен карактер и стабилна емотивна состојба, за да може да се носи со одговорностите што доаѓаат со полициската професија.

5. Новинарство

Шармот, фокусот, самосвесноста и немилосрдноста се само дел од карактеристиките кои ги бара новинарството, а кои психопатите природно ги имаат. Овие квалитети особено доаѓаат до израз кога треба да се земе изјава од соговорник, да се „ископа“ информација за истражување или да се достави работата до одреден рок.

6. Хирургија

Хирурзите покажуваат повисоко ниво на психопатска личност за разлика од другите медицински лица, кои пак се повеќе психопати од општата јавност. Но, тие мора да бидат такви, бидејќи за време на операциите им е потребна концентрација и стабилност. Едноставно, за да можат да го отворат телото на личност чиј живот треба да го спасат, мора да развијат имунитет кон стресот и да прават брзи, но тешки одлуки во секоја секунда.

7. Агент за продажба

Во една компанија, агентите за продажба постојано се во натпревар кој ќе оствари повеќе профит. Иако одделите за продажба во фирмите се едни од најголемите, сите вработени таму се индивидуалци, а не тимски играчи, па затоа нема многу да се двоумат да „украдат“ клиент од пред носот на колегата. Во зависност од професионалната област на фирмата, психопатот може да биде или одличен или кошмарен кандидат.

10 професии во кои психопатите се најдобри

8. Медиумска личност на телевизија или радио

Нарцизмот често оди рака под рака со психопатското однесување. Овие личности сакаат да бидат видени од што повеќе луѓе, но во исто време успеваат да бидат смирени и да се изборат со тремата, ако воопшто ја имаат, за да можат совршено да го одработат своето.

9. Адвокати

Карактеристиките на социопатите им одат во прилог на адвокатите. Тоа ги прави подобри во нивната работа. Адвокатите мора да располагаат со голема самодоверба и тврдо срце, но и голем шарм, потребен во судницата.

10. Извршен директор

Освен што успеваат да задржат ладна глава кога се под стрес, психопатите умеат да создадат непоправлив хаос околу себе, знаејќи дека оние кои се „под“ нив ќе го средат. Но, тие го прават ова само за самите да напредуваат во кариерата. Но, постојат и директори кои не се психопати, а ќе ги препознаете по тоа што во нивните фирми сè е во најдобар ред, а тие напредуваат благодарение на своите вештини.

Прочитајте ги и овие 7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар