10 неверојатни теории за реалноста кои ќе ја променат вашата перцепција за светот

Реалноста не е толку едноставна како што мислиме. Многу од работите кои ги сметаме за вистинити, и тоа без многу размислување, всушност не се точни. Научниците и филозофите го даваат најдоброто од себе за да ги соборат теориите на здравиот разум, а тоа ќе го видите во овие 10 неверојатни теории.

1. Големото замрзнување

(1)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk.jpg10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk

Според оваа теорија, нашиот универзум се движи кон својата последна фаза од живот. Универзумот има ограничена залиха на енергија. Според оваа теорија, кога ќе се истроши таа енергија целиот универзум ќе замрзне. Топлинската енергија настанува од движењето на честичките. Губењето на топлина, што е природен закон на универзумот, значи дека ова движење на честичките со тек на време ќе забави и еден ден целосно ќе запре.

2. Солипсизам

(2)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk

Солипсизмот е филозофска теорија според која ништо не постои освен индивидуалната свест. Теоријата на прв поглед изгледа смешно, но ако добро ќе размислите ќе сфатите дека навистина не можете да потврдите ништо освен вашата свест. За подобро да го разберете ова, помислете на некој момент и помислете на сите соништа што сте ги сонувале. Зарем не е можно сè околу вас да е еден долг сон? Но околу нас има луѓе и работи, и не можеме да се сомневаме во нив бидејќи ги мирисаме, ги слушаме, ги гледаме и ги вкусуваме тие работи, се согласувате? И да, и не. Луѓето кои користат ЛСД кажуваат дека имаат навистина убедливи халуцинации, но ние знаеме дека тие „визии“ не се реални. Нашите соништа симулираат сензации и сепак, она што го гледаме и чувствуваме е она што ни го наредуваат разни делови од нашиот мозок. Како резултат на ова, во кој дел од постоењето не треба да се сомневаме? На никој, секој од нас може да биде сигурен само за своите мисли.

3. Филозофија на идеализмот

(3)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk

Џорџ Беркли, таткото на идеализмот, сметал дека сè постои како идеја во нечиј ум. Беркли открил дека некои од неговите колеги и пријатели сметале дека оваа теорија е глупава. Постои приказна во која еден од луѓето кои не се согласувале во оваа теорија ги затворил очите и клоцнал еден камен, а потоа рекол дека тоа било доказ за неточноста на теоријата. Идејата зад овој „експеримент“ е тоа што ако каменот навистина постои само во неговиот ум, тој не ќе можел да го клоцне со затворени очи. Побивањето на Беркли е навистина тешко да се разбере. Тој сметал дека постои семоќен и сеприсутен Бог кој гледа сè, и гледа сè во исто време.

4. Платон и логос

(4)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk

Секој има слушнато за Платон, најпознатиот филозоф во светот. Како и сите филозофи, и тој имал свои ставови и мислења за реалноста. Тој сметал дека над реалноста која ни е позната постои свет од „совршени“ форми. Сè што гледаме е само сенка, имитација на вистинскиот изглед на работите. Тој сметал дека со изучувањето на филозофијата имаме шанса барем малку да видиме како навистина изгледаат работите, со тоа што ќе ја откриеме совршената форма на сè. Покрај ова, Платон рекол дека сè е направено од една супстанца. Ова значи (според него) дека дијамантите, златото и изметот се направени од истиот основен материјал, но во различна форма, а ова пак е колку-толку докажано како точно со откривањето на атомите и молекулите.

5. Сегашност

(5)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk

Времето е нешто кое обично го делиме на минато, сегашност и иднина. Оваа теорија смета дека минатото и иднината се измислени концепти, додека само сегашноста е реална. Со други зборови, денешниот појадок и секој збор од овој текст нема да постојат, сè додека не го отворите да го прочитате пак. Иднината е исто толку имагинарна, бидејќи времето не може да постои пред и откако се случило.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар