10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Сакате одблиску да ја видите Ајфеловата кула, но во скоро време нема да бидете во можност да отидете во Париз? Во тој случај Google Maps е одлично место за виртуелно патување ширум светот. Но, не сите интересни знаменитости се јасно видливи преку оваа платформа. Некои слики се заматени и искривени поради безбедносни причини.

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Тоа значи дека доколку сакате да прошетате низ градовите во Северна Кореја преку Google Maps, нема да можете. Исто така заматена е и кралската палата во Холандија, па дури и електричната централа во рамките на Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк.

Кога Google Maps најпрво беше лансиран, сликите од Белата куќа и седиштето на американскиот конгрес во Вашингтон беа заматени, но денес веќе може јасно да се видат. Погледнете кои локации и знаменитости сѐ уште се заматени и не можеме да ги набљудуваме при виртуелната прошетка низ светот.

1. Кралската палата во Холандија

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Кралската палата во Амстердам, Холандија која се нарекува „Koninklijk Paleis Amsterdam“, е една од оние места поврзани со холандското кралско семејство кои имаат заматени слики на Google Maps. Покрај палатата, не можете да ги видите ниту кралските штали и уште еден дворец кој се нарекува „Huis ten Bosch“.

2. Меѓународниот аеродром Бафало Нијагара

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Меѓународниот аеродром Бафало Нијагара е избелен во најголем дел и дури и кога ја зголемуваме сликата не можат да се видат детали.

3. Националниот парк Тантауко во Чиле

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Националниот парк Тантауко на Google Maps може да се види само како маркер кој покажува на неговата местоположба. Приватниот природен резерват е дом на многу загрозени видови животни.

4. Браната Киови во Јужна Каролина

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Резерват на езерото Киови во Јужна Каролина кои бил изграден од луѓето исто така не може чисто да се види на Google Maps. Браната во форма на новогодишна елка е дел од една компанија за производство на електрична енергија.

5. Мистериозно место во Русија

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

Никој не е сигурен зошто е заматена оваа локација која се наоѓа во сибирската тундра. Најблискиот град до ова место е Егвекинот во Русија, кој од Алјаска го дели само Беринговиот проток.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар