10 интересни факти за луѓето од камената доба

6. Жените се мешале во разни култури

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Во 2017-та година едно истражување на древните населби во Германија кои датираат од пред 4.000 години, открило навистина интересна традиција. Повеќето семејства биле започнати од жени кои ги напуштиле нивните села. Ова се случувало од доцното камено до раното бронзено време. Оваа мобилност била клучна за проширување на културните идеи, што помогнало во создавање нови технологии.

7. Пишан јазик

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Истражувачите можеби го откриле најстариот пишан јазик. Симболите од каменото време се историски, но долго време игнорирани. Пештерите во Шпанија и Франција имаат и друга атракција – огромни простории полни со неверојатна уметност. Скриени помеѓу древните цртежи од бизони, коњи и лавови, се наоѓаат ситни симболи кои очигледно претставуваат нешто апстрактно. Во околу 200 пештери се повторуваат 25 разни симболи. Ако содржат некаква информација, ова значи дека писмото е старо речиси 30.000 години.

8. Масакрот Натарук

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Луѓето од камената доба исто така војувале. Во 2012-та година во Натарук, во северна Кенија, еден тим пронашол коски од искршени колена. Исто така откриле жена во одмината бременост од камената доба. И покрај нејзината состојба, таа била убиена пред околу 10.000 години. Пронајдени се и остатоци од 27 други луѓе – 6 деца и уште неколку жени. Повеќето тела покажале знаци на екстремно насилство. Можно е групата да е убиена за ресурси. Што и да се случило тој ден, масакрот Натарук е најстариот доказ за човечко војување.

9. Чума

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Кога бактеријата јерсинија пестис завршила со Европа во 14-тиот век, 30% до 60% од населението умрело. Во 2017-та година се открило дека чумата влегла во Европа за време на камената доба. 6 луѓе од доцниот неолит и бронзеното време имале позитивни тестови за чумата. Тие покривале голема географска површина – Литванија, Естонија, Русија, Германија и Хрватска.

10. Еволуција на музички мозок

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Во минатото се сметало дека алатите од раното камено време еволуирале заедно со јазикот. Но оваа промена, од едноставни кон комплексни алати, се случила пред околу 1,75 милиони години. Научниците не се сигурни дека тогаш постел јазикот. Во 2017-та година тие им покажале на неколку волонтери како да направат неколку едноставни оружја. Едната група гледала видеа од кои учеле, а другата ги гледала истите видеа само без звук. Додека ги правеле алатките, научниците ја набљудувале нивната мозочна активност. Тие откриле дека за потешките алатки, во мозокот се активирале региони кои ги користат модерните пијанисти. Оваа мрежа вклучува визуелна меморија, комплексно планирање, звук и сензомоторни информации. Делот за јазик се активирал само кај волонтерите кои ги гледале снимките со звук, но и двете групи успешно ги изработиле алатките. Ова укажува дека пред 1,75 милиони години се развила „музичката“ мрежа, како и човечката интелигенција.

Погледнете и некои од најлудите нешта пронајдени на Земјата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар