10 инспиративни цитати од едни од најуспешните жени во светот

10 инспиративни цитати од едни од најуспешните жени во светот

Успехот е нешто што не доаѓа само по себе. Бара многу труд, работа и посветеност, а веројатно и многу откажувања на патот кој води до него. Не секој е способен да успее во овој суров свет во кој живееме, но оние кои ги имаат вистинската инспирација и мотив да направат нешто од својот живот, имаат навистина добри шанси. А некогаш, потребен им е само мал совет од луѓе кои веќе успеале да станат некој и нешто.

1. Сара Блејкли, основач на „Спенкс“

(1)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Немојте да се плашите од тоа што не го знаете. Тоа може да биде вашата најголема сила и да осигура дека ќе ги правите работите различно од сите останати.“

Сара Блејкли е една од најбогатите жени во светот. На нејзините 44 години таа е сопственик на една од најголемите компании за производство на долна облека, облека за јога, фармерки и сл., а нејзиното богатство се проценува на 1 милијарда долари.

2. Шерил Сандберг, главен оперативен директор на „Фејсбук“

(2)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Ако опцијата А не е достапна, растурете со опцијата Б.“

За Шерил Сандберг, како главен оперативен директор на „Фејсбук“, може да се каже дека навистина има успеано во животот. Иако пред скоро време го изгуби својот маж, таа непрестајно инспирира и советува и во областа на приватниот и во областа на професионалниот живот.

3. Лори Грејнер, пронаоѓач, домаќин на шоуто „QVC“ и инвеститор во шоуто „Шарк тенк“

(3)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Драг оптимисту, песимисту и реалисту, додека вие бевте зафатени карајќи се за чашата вино, јас ја испив. Искрено, опортунистот.“

Лори Грејнер е позната како кралицата на „QVC“. Водејќи го ова шоу уште од 1998 година, Грејнер успешно ги промовира своите производи. Исто така, таа води компанија за производство и маркетинг во Чикаго.

4. Мелоди Хобсон, „Ариел инвестментс“

(4)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Ако научиме да се справиме со нашата неудобност и само ѝ се препуштиме, ќе имаме подобар живот.“

Мелоди Хобсон е истакнат афро-американски лидер во светот на финансиите. Како претседател на „Ариел инвестментс“ и член на бордот на неколку големи компании, меѓу кои и „Дизни анимејшн“, таа има да каже навистина многу за тоа колку патот кон успехот може да биде неудобен. Таа е вечен борец за различното, советувајќи дека во животот треба што почесто да комуницираме со луѓе кои не изгледаат и мислат како нас.

5. Мери Кеј Еш, основач на „Мери Кеј козметикс“

(5)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Аеродинамички, бумбарот не би требало да може да лета, но тој не го знае тоа, па затоа лета без разлика на сѐ.“

Животот на Мери Кеј Еш бил исполнет со многу подеми и падови, но тоа не предизвикало таа да застрани од патот кон успехот. Откако уште во 1930 година се придружила во делот за продажба на производите „Стенли хоум“, таа јасно се стремела кон успех што го доживеала со лансирање на „Мери Кеј козметикс“ во 1960 година.

6. Барбара Коркоран, магнат во светот на недвижнини и инвеститор во „Шарк тенк“

(6)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Разликата помеѓу успешните луѓе и останатите е во тоа колку време поминуваат сожалувајќи се.“

Барбара Коркоран е една од најуспешните жени во светот на бизнисот. Таа е основач на една од најуспешните компании за недвижнини во Америка, „Групацијата Коркоран“, која во 2009 година ја продала за 60 милиони долари. Сега е дел од екипата на „Шарк тенк“ и ко-основач на „Барбара Коркоран вентур партнерс“.

7. Ејлин Фишер, моден дизајнер

(7)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Кога работите нешто што ве исполнува, тогаш не станува збор за парите – кога чувствувате вистинска страст за нешто, инстинктивно наоѓате начини да ја негувате таа страст.“

Ејлин Фишер е мозокот кој стои зад еко-органската линија за женска облека. Основајќи го својот бизнис во 1984 година, оттогаш наваму таа се соочува со сѐ поголем успех. Денес има повеќе од 1.100 вработени лица и преку 60 продавници ширум Америка. Таа ја опишува нејзината работа како опсесија.

8. Мелинда Гејтс, ко-основач на „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“

(8)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Ако сте успешни, тогаш тоа е бидејќи некаде, некогаш некој ви дал живот или идеја која ве насочила во вистинскиот правец. Запомнете дека имате долг и вие да помогнете некому кој е понесреќен од вас, исто како што ви помогнале и вам.“

Мелинда Гејтс е жена на најбогатиот човек на светот – Бил Гејтс. Пред да стане негова жена, таа била генерален менаџер на информациски производи во Микрософт. По давањето отказ во 1996 година, таа станува моќна фигура со важна улога во „Фондацијата Гејтс“ чија мисија е да финансира проекти кои имаат влијание на глобалното здравство.

9. Андреа Јанг, поранешен главен извршен директор на „АВОН“ и претседател на „Гремин Америка“

(9)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Уште од мали нозе моите родители ме учеа дека треба да се стремам кон совршени достигнувања. Сакам да победувам и сакам да успеам без разлика на сѐ.“

Поранешниот главен извршен директор на „АВОН“, Андреа Јанг, е жена со големи амбиции и јасна цел – да биде најдобра без разлика на сѐ. По давањето отказ во „АВОН“ во 2012 година, Јанг сега ја води компанијата „Гремин Америка“, мала микрофинансирачка организација која е основана од Мухамед Јунус, добитник на Нобелова награда за мир.

10. Аријана Хафингтон, главен издавач на „Хафингтон пост“

(10)-10-inspirativni-citati-od-edni-od-najuspeshnite-zheni-vo-svetot-kafepauza.mk

„Мора да прифатиме дека нема секогаш да ги носиме вистинските одлуки, дека некогаш ќе ја зезнеме работата навистина лошо. Сфаќањето дека неуспехот не е спротивен на успехот е дел од успехот.“

Аријана Хафингтон е жената која тукушто го продолжи својот договор да биде главен извршен издавач на „Хафингтон пост“ до 2019 година. Но, како и сите останати, таа се соочила со многу неуспеси пред и на патот кон успехот. Нејзината пропадната врска со колумнистот Бернард Левин од „Лондон Тајмс“, како и пропаѓањето на нејзината оригинална идеја за изгледот на „Хафингтон пост“ се само мал дел од неуспесите во нејзиниот живот кои сепак помогнале таа да биде успешна како што е денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар