10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Повеќепати е научно докажано дека луѓето се посреќни доколку се занимаваат со некое хоби. Целта на избраното хоби е да ве направи поисполнети, покреативни, помотивирани и поинспирирани да ги извршувате секојдневните обврски од вашиот живот. Хобито на некој начин претставува бегство од макотрпниот реален свет и затоа од голема важност е да го изберете она во кое навистина ќе уживате. Ова се 10-те хобија кои важат за најголемите ослободувачи од стрес и депресија…

1. Свирење музички инструмент

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Музиката има драматичен ефект на нашето расположение и мисловните процеси кои се одвиваат во главата. Несомнено е дека на овој начин ќе го намалите стресот и анксиозноста, а деликатната координација потребна за да ги претворите нотите во прекрасна музика, ќе направи секојдневните борби во животот да ви доаѓаат природно.

2. Читање книги

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Нема ништо подобро од тоа да го поминете денот стуткани на вашето омилено место со добра книга. Книгите нудат одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања. Постои и име за среќата предизвикана од книгите – библиотерапија.

3. Плетење

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Плетењето не е толку тешко како што изгледа откако ќе ги совладате почетните техники. Ритмичното тропкање на иглите е слично на музика и ќе се изненадите од тоа колку ги смирува нервите и опушта.

4. Водење дневник

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Во денешно време луѓето попрво би споделиле кратка објава на Фејсбук за тоа што им се случило дента, отколку да го напишат тоа во дневник. На тој начин се губи од уметничката вредност на рефлексијата. Пишувањето рачно на хартија има терапевтско дејство и на тој начин многу е полесно грижите и проблемите да се претворат во можност за постигнување на целта.

5. Грнчарство

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Сигурно ви е позната романтичната сцена од филмот „Дух“ која одлично ја претставува моќта на грнчарството да ја разбуди вашата сензуална страна. Фактот дека од едно обично парче глина можете да направите прекрасни уметнички дела кои потоа ќе можете да ги искористите е неверојатен.

6. Планинарење

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Зар има нешто поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа? Со секој чекор што ќе го направите, вашите мисли ќе се избиструваат и вие ќе бидете целосно релаксирани. Познато е дека секоја физичка активност ослободува ендорфини, а како последица на тоа вашето расположение значително ќе се подобри.

7. Готвење

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Боите, мирисите, вкусот… Готвењето навистина ги активира сите ваши сетила. Освен тоа ви дава можност да бидете креативни и да создавате нови, вкусни задоволства со кои ќе можете да ги изненадите вашите најблиски.

8. Гледање во ѕвездите

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Ова хоби е лесно достапно, но е честопати потценето и ретко кој го практикува. Гледањето во ѕвездите ќе ви даде возвишено чувство на љубопитност и ќе ве поттикне да размислувате за суштината на нештата. Не ви треба никаква посебна опрема. Повеќето соѕвездија се видливи и со голо око.

9. Градинарство

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Без разлика на тоа дали градината за која се грижите е голема и мала, физичките и емоционалните придобивки од ова хоби се многубројни. Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видите дека она што сте го негувале со сета ваша грижа и внимание, од обично семе ќе расцути во прекрасно растение.

10. Уметност

10 хобија кои ќе ве направат посреќни

Нема сомнеж дека постои нераскинлива врска помеѓу среќата и уметноста. Самото гледање во некое уметничко дело предизвикува чувство на еуфорија. Чинот на претворање апстрактна идеја во нешто конкретно предизвикува силно чувство на исполнетост и задоволство.

И покрај тоа што се чувствувате изморени од стресот и напорот предизвикани од брзиот начин на живот, не заборавајте да си посветите време на себе и личниот развој. Наместо да го поминете слободното време лежејќи пред телевизорот, направете нешто корисно, нешто што вистински ве исполнува и ќе видите како среќата ќе стане неминовен дел од вашето секојдневие.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар