10 фантастични африкански острови

10 фантастични африкански острови

Кога ќе се спомне летен одмор во Африка, повеќето луѓе веднаш ќе помислат на сафари, посета на египетските пирамиди или одмор во Кејптаун. Но, Африка во себе крие и некои фантастични островчиња. Мадагаскар, четвртиот најголем остров во светот е еден од нив, но на овој континент има и некои помали островчиња, кои дефинитивно вреди да се посетат барем еднаш во животот. Тие имаат фасцинантна историја, уникатен див свет и плажи кои би ја разнежниле сечија душа.

1. Сао Томе

Сао Томе е главен град на островската држава Сао Томе и Принсипе, остров со нација која зборува на португалски јазик, а се наоѓа на западниот брег од Централна Африка. Мал број туристи доаѓаат на островот, така што посетителите на ова место можат да нуркаат во непознатите води и да ги истражат заспаните рибарски селца, во еден сопствен, лежерен ритам. Други активности може да бидат посета на фабриката за чоколадо и уживање во најдоброто кафе во светот.

10 фантастични африкански острови

2. Сал

Сал е најпопуларниот остров на Зелениот ‘Рт, архипелаг сочинет од 10 африкански острови, лоциран во средиштето на Атлантскиот Океан. Островот Сал, чие име значи „сол“ на португалски, стана популарна туристичка дестинација, поради своите убави песочни плажи. Главен град на островот е Санта Марија, во кој има ресторани, барови, музика и убав ноќен живот. Куќите и продавниците кои се нанижани на улиците, имаат убава пастелна боја.

10 фантастични африкански острови

3. Мохели

Мохели, уште познат и по името Мвали, е најмалиот од трите африкански острови кои ги сочинуваат Коморските Острови. Тој е див, неразвиен и ненаселен остров, со неколку модерни елементи. Тој е исто така дом, на единствениот национален парк во Коморите – морскиот парк Мохели и претставува одлично место за нуркачите, кои се во потрага по колоритни корални гребени. Морски желки, делфини и китови се составен дел од паркот.

10 фантастични африкански острови

4. Носи Бе

Малечкиот остров Носи Бе е најважна туристичка дестинација, која привлекува илјадници туристи ширум планетава во текот на годината. И покрај тоа што плажите во Носи Бе не се толку совршени како разгледница, како што се некои други плажи крај Индискиот Океан, тие сепак се победници доколку сте во потрага по спокој, чиста тиркизна вода и фантастични ресторани за морска храна, кои ја служат вечерата на песок.

10 фантастични африкански острови

5. Џерба

Џерба е најголемиот остров во Северна Африка, лоциран на брегот на јужен Тунис. Располага со прекрасни песочни плажи и мирна и спокојна околина. Тоа е едно од ретките места во Тунис, каде што сè уште се зборува берберски јазик.

10 фантастични африкански острови

6. Реинион

Реинион е француска прекуморска територија, со популација од околу 800.000 жители, лоцирана источно од Мадагаскар и југозападно од Маврициус, кој е најблискиот остров. Суахилските, арапските и португалските морнари го имаат посетувано овој остров, но Французите се тие кои го колонизирале во 1665-та година. Реинион е многу сличен на Хавајските Острови, бидејќи двата се лоцирани над жешките точки на Земјината кора.

Највисокиот вулкан на островот се вика Питон дес Неигес, кој се наоѓа на 3070 метри надморска височина. И покрај тоа што овој остров не е познат по беспрекорни плажи и блескави ресорти како што е Маврициус, островот сепак има неколку пејзажни песочни приморја, вгнездени покрај блескавото сино море и добриот ноќен живот. Но, она со што вистински привлекува овој остров, е фантастичната зелена природа и еден од најактивните вулкани во светот, Питон де ла Фурнез.

10 фантастични африкански острови

7. Островот Ламу

Тој е составен дел од Архипелагот Ламу во Кенија. Стар Град е главниот град на овој остров. Создаден е од корален камен и греди од ризофора, а домовите во овој град имаат внатрешни дворови, веранди и детално изрезбани дрвени врати. На островот нема патишта, туку само патеки и сокачиња. Кенијците се движат главно пеш, што за нив не е никаков проблем. За товар користат чамци или магариња.

10 фантастични африкански острови

8. Маврициус

Маврициус е мал, мултикултурен остров во Индискиот Океан, источно од Мадагаскар и југоисточно од Сејшелите. Доколку постои рај на Земјината топка, тогаш светските патници велат дека може да се пронајде на овој мал остров со вулканско потекло. Маврициус бил ненаселен остров, сè додека на него не пристигнале Холанѓаните, во 1598 година. Тие од него си заминале во 1710 година, поради тешките климатските услови. 5 години подоцна, среќата си ја пробале Французите, а потоа им го врачиле на Британците, во 1810 година. Од тогаш па натака, островот останал под британско раководство, а подоцна, т.е. во 1968 година, станал независна држава.

10 фантастични африкански острови

Она што е мошне интересно кога ќе се погледне островот во целина, е коралниот гребен, кој се простира во облик на ѓердан и кој некогаш ги штител жителите од големите бранови на океанот и ајкулите. Затоа на Маврициус пливањето во лагуните е сосема безбедно, за разлика од повеќето останати океански острови.

Главно обележје на островот некогаш и денес е птицата Додо, која претставува потомок на неколку вида гулаби и која со текот на времето станала заштитена птица, зашто постепено почнала да исчезнува поради лошите услови за преживување. Бидејќи тежела и до 25 килограми, птицата била одличен извор на храна за Португалците, кои уживале во вкусното месо и изобилството на кое наидувале. На овој остров чести посетители се политичарите, личности од областа на уметноста, како и голем број припадници на холивудскиот џет-сет.

10 фантастични африкански острови

9. Занзибар

Занзибар е најголемиот и најнаселениот остров на полуавтономниот архипелаг Занзибар и е составен дел од Танзанија. Одморот на Занзибар е идеален за оние кои сакаат екваторска клима, кристално сино море и песочни плажи, опкружени со кокосови палми. На Занзибар може да пробате арапски, кинески, индиски или европски специјалитети, а на островот има и квалитетно овошје кое е многу евтино. На располагање имате дињи, ананас, портокали, папаја, 24 видови манго, 26 видови банани, грозје и мандарини. Првите жители на Занзибар биле Африканци, главно припадници на народот Банту. Главен град на островот е Камениот Град, кој воодушевува со арапската и индиската архитектура, вкусната храна и многуте базари.

10 фантастични африкански острови

10. Праслин

Праслин е вториот најголем остров на Сејшелите, со популација од околу 6.500 жители. Некогашното засолниште на пиратите и арапските трговци, денес претставува популарна туристичка дестинација, со неколку хотели и одморалишта. Белите песочни плажи како што се Ансе Лацио и Ансе Жоржет, се едни од најубавите плажи во светот. Воедно, на островот има и голема експанзија на тропски шуми, богати со разни птици, меѓу кои и ендемскиот сејшелски биљбиљ. Островот е познат по уникатниот вид палма Коко де мер, кој има облик на женски задник и по ванилините орхидеи.

10 фантастични африкански острови


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар