10 бизарни и ретки медицински феномени

Човек дрво, зомби и врколак можеби ви звучат како научно-фантастични поими, но тие се користат и за обележување на личностите кои боледуваат од некои многу ретки болести. Погледнете ги 10-те најбизарни медицински состојби кои постојат…

10 бизарни и ретки медицински феномени

1. Синдром човек од камен

Фибродисплазија (Fibrodysplasia ossificans progressiva) е прогресивно генетско нарушување кое мекото ткиво го претвора во коски. Генот ACVR1 кој се наоѓа во коските, мускулите, тетивите и лигаментите го регулира растот и развојот на ова ткиво и е одговорен за претворање на рскавиците во коски за време на развојот на децата. Но, мутацијата на овој ген создава неконтролирано трансформирање на сите мускули во коски. Накратко, оној кој боледува од оваа болест на некој начин се претвора во статуа однатре.

Нарушувањето се појавува кај 1 на секои 2 милиони луѓе и во моментов не постои лек. Постои можност за отстранување на коскените делови со помош на операција, но ова решение не е долготрајно бидејќи телото почнува повторно да создава нови коскени слоеви. Во светот постојат од 300 до 600 луѓе кои боледуваат од овој синдром и тие секојдневно мора да земаат силни лекови против болки. Во просек, живеат околу 40 години, а во ретки случаи и повеќе, сè додека коските не им ги здробат срцето и белите дробови.

2. Синдром леш кој оди

Котаровиот синдром е ментално заболување кое личноста која го поседува е цврсто убедена дека одреден дел од нејзиното тело недостасува, на пример мозокот, и дека таа всушност е мртва. Оние кои страдаат од овој синдром се трудат да не јадат, ниту пак да се бањаат и го поминуваат целото слободно време на гробишта, сакајќи да бидат помеѓу своите.

Ова нарушување се врзува со нефункционалната област во мозокот која е одговорна за препознавања емоции на лицата, вклучувајќи го и своето. Тоа предизвикува комплетно емоционално одвојување и отстранување на личниот идентитет. Синдромот може да се лечи со медикаменти, но понекогаш, во некои случаи се препорачува електроконвулзивна терапија.

3. Алергија на студ

Кај некои луѓе допирот со студен воздух или вода може да покрене алергиска реакција, исто како онаа на пчели или кикирики. Оваа реакција вклучува нафрлање на телото, а во некои ситуации и оток. Оние кои боледуваат од посериозната форма на оваа состојба може да доживеат и екстремно отекување на грлото и јазикот, што во некои ситуации може да биде фатално.

Сè уште не е јасно што точно ја предизвикува оваа алергија, но таа може да се третира со обични антихистаминици кои се користат и кај оние личности со сезонски алергии.

4. Синдром човек од дрво

Она што делува како кора од дрво која расте на нечија кожа, може всушност да биде „еpidermodysplasia verruciformis“. Секако не станува збор за вистинска дрвена површина, туку за еден вид брадавици кои можат да се влошат доколку се изложат на сончева светлина. Иако тие во почетокот најчесто се бенигни, со тек на време можат да станат и малигни.

Оваа состојба е предизвикана од ретката мутација на гените EVER1/EVER2 и иако во моментов нивната функција не е целосно сфатена, нивната мутација предизвикува кожата да биде многу поподложна на вирусите папилом 5 и 8, кои обично не се изворот на самата болест. Постојат неколку можности за ублажување на симптомите, но сè уште не постои лек.

5. Вампирски синдром

На луѓето им е потребна сончева светлина за синтеза на витаминот Д, но преголемата изложеност на сончевите УВ-зраци може да ја оштети кожата. Отприлика 1 на секои милион луѓе страда од ксеродерма пигментоза која предизвикува преголема чувствителност на ултравиолетовото зрачење. Овие луѓе мора да бидат комплетно заштитени од сончевата светлина бидејќи доколку се изложат на неа можат да се здобијат со сериозни изгореници, како и со лупење на кожата. Доколку тие не се внимателни, можат многу лесно да добијат и рак на кожата.

Оваа состојба ја предизвикува ретката рецесивна мутација на нуклеотидните ензими кои се „поправаат“. Кога функционираат нормално, тие ја поправаат оштетената ДНК од ултравиолетовото зрачење. Кај заболените, овие ензими не работат добро и оштетената ДНК не се поправа и постојано се насобира. Иако постојат одредени терапии, најдобрата превентива е целосното избегнување на сончевата светлина, исто како што би правеле вампирите.

6. Елефантијаза

Елефантијазата предизвикува препреки на лимфните садови со кои се создава екстремно отекување на кожата и ткивото, особено во нозете и тестисите. Оваа состојба може да биде предизвикана на многу начини, но најчестата причина е паразит кој го пренесуваат комарците. Преку 40 милиони луѓе боледуваат од оваа необична состојба.

Постојат медикаменти кои можат да ги убијат паразитите, па токму затоа раното откривање и лечење ќе овозможи најдобри ефекти. Постојат и хируршки зафати како решение доколку се зафатат тестисите, но нема начин да се оттргне отокот во екстремитетите.

7. Синдром врколак

Многу жени ги отстрануваат оние влакна кои се вишок околу нивните веѓи, но лицата на оние кои боледуваат од хипертихоза се целосно прекриени со влакна. Всушност целото нивно тело е прекриено со влакна. Токму затоа и оваа состојба го добила своето име.

Хипертихозата може да биде наследна, или пак да се развие со време. Оние кои се родени со овој синдром може да имаат неколку од познатите генетски мутации кои го предизвикуваат, но оние кои се здобиваат со него во текот на својот живот најчесто го развиваат како последица на лечење ќелавост. Во некои ситуации причината воопшто не е позната. Традиционалните методи на отстранување влакна можат да овозможат краткотрајни резултати.

8. Алергија на вода

И покрај тоа што поголемиот дел од нашето тело е составено од вода, многу е чудно што може да постои алергија на неа. Реакцијата за која тука зборуваме не е типична алергиска, бидејќи не создава хистаминска реакција. Оние кои се алергични на вода, доволно е да ја допрат за да им се појави нафрлање кое чеша.

Досега постојат помалку од 100 случаи на оваа состојба, а причината е непозната. Научниците веруваат дека причината не треба да се бара во самата вода, туку во одредените хемикалии или нечистотии кои се наоѓаат во неа. Најчестиот начин на лечење е внесување капсаицин, кој исто така се користи и за ублажување на болките.

9. Синдром вонземска рака

Изреката „десната рака не знае што прави левата рака“ за некои луѓе е вистинита. Оваа состојба вклучува едната рака да делува независно или пак, да се движи во спротивна насока од онаа во која личноста сакала.

Понекогаш, ретки мозочни повреди или операции на мозокот можат да бидат причина за раце кои не можат да бидат контролирани. За овој синдром не постои лек, но симптомите можат да се ублажат доколку раката активно се користи.

10. Синдром странски акцент

Акцентите можат да ни откријат многу информации за потеклото на одредена личност, а скоро сите луѓе барем еднаш во својот живот се обиделе да зборуваат на странски акцент. Но, кај некои луѓе се појавува неконтролирано зборување на странски акцент, дури и доколку тие никогаш не биле во таа земја.

Ова ретко нарушување најчесто е последица на мозочен удар или друг вид мозочни повреди. Личноста која боледува од овој синдром не само што го менува тонот на својот глас, туку многу често и позицијата на јазикот додека говори. Единствениот лек за овој синдром е долга терапија за говор со цел мозокот повторно да се истренира да говори на одреден начин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар