Преслатко 6-годишно девојче пее во дует со својот татко

Преслатко девојче пее во дует со својот татко

Се сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.

Преслатко 6-годишно девојче пее во дует со својот татко

Големата популарност на ова видео, го префрли симпатичниот дует од спалната соба, во „Шоуто на Елен Дегенерез“. Таткото свирка со уста, свири на гитара и пее, а милото девојче го придружува во дует, обидувајќи се со своето невино гласче да ја фати мелодијата и истовремено да не го згреши правилното изговарање на некој збор. 🙂

Погледнете го и нивниот настап во „Шоуто на Елен Деџенерис“.

Ќе се сложите со мене дека ова дефинитивно е одличен рецепт за градење фантастични спомени од детството, креирани во рамките на едно семејство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.