Надворешниот изглед на вагата
Детското лице на вагата
Вагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…
Кожата на вагата
Овој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.

Рајска коса
Вагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.
Сјајни очи
Во комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.

Привлечни усни
Нежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.

Сензуална убавина
Повеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.

Витко тело
Машките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.

Симпатични дупчиња на образите
Без разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.

Таа насмевка…
Насмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
