Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни до креветот

Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот

Доколку сакате да заспивате листајќи низ Фејсбук, тогаш треба да најдете друга занимација пред да легнете во кревет. Оставањето на телефонот во креветот го попречува спиењето, но може да претставува и голем безбедносен ризик.

Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни до креветот

Една објава од пожарникарската служба во Њу Хемпшир стана светски популарна поради предупредувачката порака која ја носеше. Службата сподели слики на Фејсбук од случај во кој тинејџерка заспала откако телефонот го оставила да се полни под перницата. Причината за пожарот биле излезените жици од кабелот.

Секогаш, доколку имате расипани електрични уреди или скинати жици, ќе постои и ризик за пожар. Доколку имате скинат полнач, подобро купете нов отколку да пробате да го залепите или да го поправите. Само внимавајте полначот да биде од истата компанија со вашиот телефон, инаку може да го оштетите.

Повеќето телефони не би требало да предизвикаат дефекти или да се прегреваат, но не велиме дека е невозможно. Ризикот е поголем доколку го држите под перницата. Тоа е бидејќи кога ја полните или трошите батеријата, телефонот се загрева – а доколку ја трошите батеријата додека телефонот е на полнач и се полни, тогаш станува уште потопол. Проблемот се јавува кога е покриен со нешто и тоа не дозволува да се ослободува топлината. Перниците и ќебињата може да предизвикаат несреќа со тоа што ќе го прегреат телефонот.

Доколку телефонот не е приклучен за полнач, не би требало да предизвика пожар. Но доколку комбинирате полнење на телефонот, гледање видеа, а потоа заспиете, згора на тоа телефонот да има некаков дефект, тогаш генерирате доволно топлина за да се појави проблем.

Затоа, бидете внимателни. Полнете го телефонот на рамна површина која нема лесно запалливи материи околу себе. Доколку забележите дека телефонот почнува да крева температура, исклучете го од полнач и оставете го малку да се излади. Доколку е толку топол да не можете да го допрете тогаш нешто не е во ред во вашиот уред. Најдобро би било да го однесете на поправка.

Следно, прочитајте кои се 10-те работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар